Нејмар подготвува фудбалски „земјотрес“ – ќе ги остави арапските пари за враќање во Барса

Нејмар пред седум години ја напушти Барселона во трансфер кој и денес е рекордно висок, а според шпанските медиуми се чини дека би можел да се врати на „Камп Ноу“.

Имено, Барселона во 2017 година го продаде Бразилецот на ПСЖ за 222 милиони евра, а минатата година тој се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија за 90 милиони евра, каде што игра за плата од 150-160 милиони евра по сезона. Тој моментално се опоравува од скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено.

Тој одигра само пет натпревари за Ал Хилал, постигна еден и асистираше три гола, пред да заработи повреда во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2026 година на гостувањето кај Уругвај во октомври минатата година. Откако беше обелоденето дека нема да може да игра до крајот на сезоната, реагираше Ал Хилал кој го симна од списокот на пријавени играчи за да направи место за уште еден странец во нивниот ростер.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека 32-годишниот бразилски напаѓач е во контакт со претседателот на Барселона, Жоан Лапорте и дека овие контакти резултирале со желба да се врати. Играјќи за Барса, Нејмар освои осум трофеи, од кои еден за најдобриот тим во Лигата на шампионите и два за најдобриот во шпанското првенство. Вкупно за Барселона одигра 186 натпревари со учинок од 105 гола и 76 асистенции.

Според Шпанците, пореално е да се очекува евентуалното враќање на Нејмар во Барса во летото 2025 година, кога му истекува договорот, отколку сега. Причината се финансиските проблеми во каталонскиот клуб, кој исто така сака да види колку Нејмар е физички подготвен за напори во Ла Лига и Лигата на шампионите. Исто така, останува да се види за која плата би бил подготвен да игра Нејмар во евентуалниот втор мандат во Барса.

Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време

До крајот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во северозападните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. 

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд.

Од УХМР известуваат дека следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ,за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Носителката на листа од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани. 

Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.

Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово - Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.

притисни ентер