Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:

-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Жена од Австралија веќе 2 месеци има отровна змија во автомобилот- вози со заштитна облека

Австралијка четири пати се обидела да извади отровна дива змија од својот автомобил, но сепак е принудена да вози во друштво со опасниот рептил.

Според извештајот на австралиската ABC, Лиза Курнелис од Њукасл го дели автомобилот со црна змија со црвено-стомак која ја нарекла Флафи. Змијата живее во возилото на Лиза од март: професионалните фаќачи на змии се обиделе четири пати да го отстранат рептилот, но сите обиди биле неуспешни.

Тогаш Лиза решила да го промени односот кон непоканетиот гостин, пренесува People. Таа изјави дека учи да коегзистира со змијата во автомобилот: додека вози, носи заштитна опрема за да се заштити од каснувања.

Жената вели дека првпат ја забележала змијата во април, но верува дека рептилот влегол порано во автомобилот.

„Требаше да оставам кутија на задното седиште и тогаш ја видов“, вели Лиза, додавајќи дека змијата најверојатно била таму веќе три недели, бидејќи автомобилот е полн со измет.

Градежен работник претпоставува дека рептилот влегол во автомобилот на Лиза на градилиштето кога таа ја оставила вратата од автомобилот отворена.

Иако е свесна дека змијата може да ја повреди, Лиза вели дека немала друг избор освен да го продолжи животот со Флафи во нејзиното возило. По четири неуспешни обиди да го отстрани рептилот, таа го послушала советот на ловецот на змии кој ѝ предложил да се вози во нејзиниот автомобил облечен во заштитна опрема.

Лиза сега се вози во волнени панталони и опрема за да се заштити од каснување од змии.

„За среќа, змијата не ме касна, а ако ме касне, ќе ме заштитат волнените работни панталони и опремата што ја носам“, вели Лиза.

Понекогаш змијата го вклучува алармот на автомобилот и тоа е знак за Лиза дека рептилот е сè уште внатре. Мет Стопфорд, ловец на змии со 40-годишно искуство, рече дека во неговиот автомобил живеела и црна змија со црвен стомак, но само четири дена. Тој вели дека отстранувањето на автомобилските седишта може да помогне да се најде и да се фати змијата, што Лиза ќе мора да го направи.

„Златната топка“ на Марадона се појави на аукција, семејството најавува тужби

Наследниците на Диего Марадона ќе покренат тужба за да се обидат да ја запрат аукцијата на Златната топка што легендарниот аргентински фудбалер ја доби како најдобар играч на Светското првенство во Мексико во 1986 година.

Овој трофеј беше изгубен со децении, но неодамна повторно се појави и треба да се најде на аукција во Париз во јуни, објави минатата недела аукциската куќа Агит. Марадона, кој почина во 2020 година на 60-годишна возраст, го освои трофејот за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година кога ја предводеше Аргентина до победа од 3-2 над Западна Германија во финалето.

На тој турнир постигна нерегуларен, но сепак признат гол со рака („Божја рака“), но и „гол на векот“ кога ги издрибла практично сите противници во победата од 2:1. против Англија во четврт-финалето.

Наследниците на Марадона велат дека трофејот е украден и тврдат дека сегашниот сопственик нема право да го продаде, а нивниот адвокат рече дека ќе побараат судска наредба за одземање на трофејот и поднесување пријава за кражба. Марадона го доби тој трофеј на церемонија во кабарето Лидо на Шанзелизе во 1986 година.

Трофејот подоцна исчезна и за него кружеа разни гласини. Некои рекоа дека Марадона го изгубил во игра покер или го продал за да ги исплати долговите, соопшти аукциската куќа. Се шпекулираше и дека Марадона го чувал во банка во Неапол, која ја ограбиле локални гангстери во 1989 година, додека тој играл за Наполи. Наследниците на Марадона веруваат дека е украдена од банката.

Тинејџер добил тешки изгореници од струен удар, додека го полнел мобилниот (ФОТО)

Рејес Огдал (16) е тешко повреден во бизарна несреќа што се случила во неговиот дом во Оклахома.

Тинејџерот завршил во болница со тешки изгореници, а неговата мајка Даниел Дејвис ги раскажала деталите од немилиот настан.

Таа наведува дека Рејес лежел во кревет кога телефонот му паднал на подот. Уредот бил на полнач, па сакал да се увери дека сѐ е во ред.

„Тој сакаше да провери дали батеријата сè уште се полни, а потоа ланчето што го носеше околу вратот дојде во контакт со незаштитена жица од штекерот“, објаснила Даниел.

Мајката додава дека спиела кога ја разбудил лелекот на нејзиниот син, пренесува LadBible.

„Ме викаше, па истрчав во ходникот. Тој рече: „Ме удри струја“, а видов страшни изгореници на вратот. Целата куќа мирисаше на изгорена коса и кожа“.

Рејес цело време бил свесен, а лекарите констатирале тешки повреди околу вратот, поточно изгореници од втор, трет и четврти степен.

„Можевме да го видиме белегот на ланчето на кожата. Доживотно ќе остане со лузни“, изјавила неговата мајка.

Таа додава дека му е благодарна на Бога што Рејес е добро.

„Можеше да умре таа ноќ. Кога станува збор за телефоните, нема порака или известување што е толку важно што лежи покрај вас во креветот. Сè може да се случи и мојот син е доказ за тоа“, заклучи таа.

притисни ентер