Норис: Мекларен ќе биде подготвен да се бори за титула идната сезона

Формула 1 тимот Мекларен ќе може да атакува на титулата следната сезона, изјави денеска тимскиот возач Ландо Норис, кој минатиот викенд победи на трката за ГН на САД во Мајами.

Тоа беше прва победа за Мекларен од 2021 година, кога Даниел Рикардо и Норис завршија на првите две места во Монца.

Мекларен е најуспешен тим во историјата на Ф1 според бројот на победи, но нема освоено титула од 2008 година, кога шампион беше Луис Хамилтон.

Одговорајќи на новинарско прашање, дали Мекларен може да се бори за титулите во поединечна и конкуренција на конструктори, Норис рече дека апсолутно е убеден во тоа.

„100%. И на почетокот на годината реков дека можеме да победиме. Сакам да верувам и потребна ми е таа самодоверба за следната година кога ќе можеме да го направиме следниот чекор“, рече Норис.

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.

Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.

Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

притисни ентер