Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

Најмалку 60 загинати во топлотниот удар, што го погоди Тајланд (ВИДЕО)

Најмалку 61 човек починаа во повеќе неделниот топлотен бран што го погоди Тајланд, соопшти денеска тајландското Министерство за здравство.

Топлото време изминатите недели предизвика повеќе од двојно поголем број жртви во споредба со жртвите од жешкото време во цела 2023 година. Најголем дел од смртните случаи се регистрирани во североисточниот дел на земјата, каде што земјоделството е важен дел од економијата, објави TRT World.

Во Бангкок и другите делови од земјата во текот на ноќите температурата не се спушта под 30 степени Целзиусови. Додека пладневните температури редовно се над 50 степени.

Според синоптичарите високите температури се должат на феноменот Ел Нињо, додека Светската метеоролошка организација предупредува дека Азија се загрева побрзо од глобалниот просек.

Невообичаено високи температури се регистрирани и во Бангладеш, Виетнам, Мјанмар и Филипините.

Американка го оставило само дома тригодишното дете и отишла да се коцка, ќе оди во затвор

28-годишна жена се соочува со сериозни обвиненија откако решила да излезе на коцкање, оставајќи го своето 3-годишно дете само дома.

Канцеларијата на шерифот на округот Џенеси ја уапсиле Меган Кортни во вторникот вечерта поради загрозување на благосостојбата на дете, пренесува ABC7.

Истрагата открила дека момчето било пронајдено како трча само надвор, во близина на неговиот дом. Тогаш дежурните полициски службеници кои пристигнале на местото на настанот утврдиле дека момчето останало само дома.

Кортни подоцна била пронајдена во казиното, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Кортни е изведена пред судот во средата наутро. Не се дадени информации за следниот датум на судење.

ОН: Околу 30.000 луѓе секој ден ја напуштаа Рафа, таму нема ни храна ни вода

Околу 30.000 луѓе ја напуштаат Рафа секој ден за да побегнат од заканата од голема израелска офанзива, а сега има околу 110.000 кои побарале засолниште на друго место во тесната енклава, рекоа претставници на ОН.

„Последната наредба за евакуација на израелската влада поврзана со воената операција во Газа се однесува на повеќе од 110.000 или повеќе раселени на север“, рече Георгиос Петропулос, од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) во Газа.

„Секој ден, околу 30.000 луѓе ја напуштаат Рафа“, рече тој, додавајќи дека повеќето од нив веќе биле раселени пет до шест пати од почетокот на борбите меѓу Израел и Хамас.

Според ОН, околу 1,4 милиони луѓе се насобрале во градот на југот на енклавата, бегајќи од жестоките борби и бомбардирањето на северот.

ОН додаваат дека израелската армија започнала ограничена копнена операција и го затворила преминот меѓу Рафа и Египет, клучна рута за испорака на хуманитарна помош.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети посеопфатна операција за уништување на Хамас, исламистичкото движење кое владее со Појасот Газа.

OCHA предупредува дека без гориво, голем број здравствени институции, вклучително и болниците под контрола на Хамас и УНРВА и клиниките, ќе имаат потешкотии да продолжат со својата работа, како и недостатокот на вода за пиење на северот на енклавата и во градот Газа, каде околу 450.000 луѓе имаат ограничен пристап до вода, што исто така е проблем. Не успеа снабдувањето со вода за пиење во Рафа.

Светската програма за храна (WFP) и UNRWA треба да дистрибуираат само дел од храната во наредните денови бидејќи главниот магацин на WFP е недостапен, прецизира OCHA, а веќе два дена нема храна во Рафа.

притисни ентер