Обвинителен акт за 12 лица за злоупотреби со ваучер системот во спортот

По повеќе од 1 година Основното јавно обвинителство, постапувајќи по иницијативата од тогашниот состав на ДКСК поднесе обвинение против 12 лица околу распределабата на ваучери во Агенцијата за млади и спорт. 

Се товарат за злоупотреба на службената положба и несовесно работење. Обвинителството побара и мерки на претпазливост.

„Постапувајќи по поднесената иницјатива од ДКСК надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост. “-ЈОРМ

Засега од обивнителството не откриваат повеќе информации околу дејствијата што им се ставаат на товар на лицата, ниту пак нивниот идентитет. Со оглед дека се работи за обвинителен предлог, предметот ќе оди пред судот по скратена постапка.

Кога ја поведоа иницатива од антикорупциска лани во февруари, побараа кривично гонење на тогашниот директор на агенцијата Наумче Мојовски и членовите на Централната комисија поради сомнежи за злоупотреби на ваучер системот на финанасирање фондации и спортски клубови во периодот од 2020 – 2022 година..

„Според анализите некаде околу 1 милијарда денари годишно се трошат за спорот, по разни осонови дали преку даночно ослободување, или преку ваучери, или преку програмта 20 – 40, или преку игри на среќа итн итн... големи средства се трошат меѓутоа цениме дека агенцијата за млади и спорт нема никаква отчетност за тоа како ги доделува овие средства, како се трошат и на кој начин бидејќи сепак се работи за буџетски пари. “-Поранешен член на ДКСК Владимир Георгиев

Лани за онјалн платформата „Самопрашај“ сведоштво за тоа како фукнционирал ваучер системот имаше и претседателката на РК Металург, Зорица Блажевска, која тогаш посочи дека наместо добро, овој систем го покажал „грдото лица на спортот“. Раскажа како преку посреднии им биле барани и до 50% од парите што ги добивале од фирмите за да ги реализираат ваучерите..

„Процентот на оние „процент посредувачи“ достигна и до 50 %. Значи 50 посто за клубот, 50 % за фирмата. Грабеж односно мито, корупција, се она што е најлошо што може да му се случи на едно општество се содржеше во тие 50 %. “-Зорица Блажевска - Претседателка на РК „Металург“

Ваучер системот кој беше воведен во 2018 година за финансирање на спортот се најавуваше како систем токму за заштита од финансиски малверзации. Тој подразбира сумата која му е одредена на клубот или федерацијата да може да се реализира преку компнаија која остварила добивка, а за возврат фирмите кои го пмогале спортото да добијат даночно олеснување.

Во Иран покрената истрага за падот на хеликоптерот на претседателот Раиси

Началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Багери, назначи делегација за истрага на случајот со хеликоптерската несреќа во која беше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Истрагата која веќе започна на местото на инцидентот ја води генералот Али Абдолах, а резултатите ќе бидат објавени по нејзино завршување, пренесува ИРНА.

Како што беше претходно објавено, се верува дека причина за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Раиси е технички дефект на леталото.

„Раиси маченички настрада во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на авионот“, објави иранската државна новинска агенција ИРНА, не прецизирајќи каква е природата на дефектот на хеликоптерот.

Погребните обреди за иранскиот претседател, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и другите кои загинаа во хеликоптерската несреќа ќе се одржат денеска во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан, во 9:30 часот по локално време.

Телото на Раиси подоцна ќе биде пренесено во Техеран, пред да биде погребано на 23 мај во неговиот роден град Машхад, во североисточниот дел на Иран.

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, при што загинаа уште шест лица.

Израелската армија тврди дека убила командант на Хезболах

Израелската армија соопшти дека убила командант на Хезболах во воздушен напад во либанскиот регион Тир.

Во соопштението на израелската војска објавено на Х се наведува дека Касим Саклави е „командант на единиците за ракети и проектили во крајбрежната дивизија“ на групата.

Исто така, се тврди дека е одговорен за планирање и извршување на ракетни и противтенковски напади врз Израел од крајбрежната област на Либан.

Хезболах ја објави неговата смрт по нападот без да ја спомене неговата локација.

Ретка вселенска снимка од месечината Амалтеја крај Јупитер

 Сондата „Џуно“ на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА го сними Јупитер за време на 59-то блиско минување покрај џиновската планета. 

На една слика од Големата Црвена Дамка, неочекувано, се гледа и малата месечина Амалтеја...

Телото е со пречник од само 84 километри, и на снимката се наоѓа веднаш до Црвената Дамка.

Амалтеја, инаку, е еден од најтоплите објекти во Сончевиот Систем и досегашните набљудувања покажуваат дека испушта повеќе топлина отколку што прима од Сонцето. Ова можеби се должи на моќното магнетно поле на Јупитер, поради што набојот на електрични струи во јадрото на оваа месечина е поголем.

Откритието од фотографиите е на независниот научник Џералд Ајхштат, кој користел необработени податоци од камерата „Џунокам“ на сондата.

Леталото „Џуно“ кружи околу Јупитер веќе седум години. Леталото го проучува потеклото и развојот на таа планета со набљудување на нејзиното јадро, мапирање на магнетното поле, мерење на нивото на вода, на амонијакот во атмосферата итн. Меѓу откритијата е и тоа дека на планетата има слоеви вода под облаците и ветровите. „Џуно“ ги проучува и природните сателити и прстените на Јупитер.

Мисијата се очекува да трае уште една година, додека не изгори кога ќе се приближи премногу до атмосферата на големата гасовита планета.

притисни ентер