Одобрена екстрaдицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Министерството за правда денеска добило известување од турските власти дека е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо.

Тој е првоосомничен во истрагата за грабнување и убиство на свиреп начин на малолетната Вања и на Панче Жежовски.

На оваа тема директно од пред Министерството за правда ја вклучуваме колешката Елизабета Дамјановска – Спасеновска…Кога можеме да очекуваме екстрадиција на Палевски назад во Македонија?

Албарез: Шпанија дефинитивно го повлекува амбасадорот од Аргентина

Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарез денеска најави дека Мадрид дефинитивно ќе го повлече својот амбасадор во Аргентина, откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи одби да се извини.

Аргентина повеќе нема шпански амбасадор, посочи Албарез.

Одлуката на Шпанија за повлекување на амбасадорот од Аргентина уследи откако Милеи, кој беше почесен гостин на Конгресот „Европа вива 24“ организиран од шпанската екстремно десничарска партија Вокс, изјави дека сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегоња дека е „корумпирана“, иако не го спомна нејзиното име.

- Светските елити не разбираат колку може да биде деструктивно спроведувањето на идеите на социјализмот. Тие не знаат каков тип на општество и земја може да произведе тоа и типот на луѓе кои се држат до власта и нивото на злоупотреба што тоа може да го генерира … А кога имаш корумпирана сопруга, се валкаш и ти требаат пет дена да размислиш за тоа, наведе Милеи.

Тој алудираше на неодамнешната одлука на Санчез да ги прекине сите активности и да се повлече на пет дена за да размисли за можна оставка, бидејќи шпанското правосудство отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за трговија со влијание и корупција./МИА

Земјите на ЕУ усвоија план за користење замрзнати руски средства за украинската одбрана

Земјите-членки на ЕУ формално усвоија план за користење на замрзнатите средства во ЕУ на руската централна банка за инвестирање во одбраната на Украина, објавија британските медиуми, повикувајќи се на белгиската влада.

Министрите на ЕУ се согласија „да ги искористат извонредните приходи од замрзнатите руски средства за поддршка на одбраната и обновата на Украина во контекст на руската агресија“, напиша на Х белгиската влада, која претседава со разговорите меѓу земјите на ЕУ во Брисел.

Текстот требаше да добие само формално одобрение од министрите, откако договорот за ова веќе беше склучен на почетокот на месецот./МИА

Лапид бара нормализација на односите Израел - Саудиска Арабија

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги нормализира односите со Саудиска Арабија, како што предлагаат САД.

- Нетанјаху треба да најави дека стапил во преговори со Саудијците, вклучувајќи го и делот за Палестина, посочи лидерот на опозициската партија Јеш Атид“ (Има иднина).

Според Лапид тоа ќе ги поткопа и напорите за кривично гонење на Нетанјаху пред Меѓународниот кривичен суд.

- Во Хаг нема да гонат премиерот кој е во историскиот мировен процес. Ова ќе го реши проблемот со Хаг, проблемот во Газа, а исто така ќе ни помогне да добиеме притисок од Саудијците за ослободување на заложниците, истакна Лапид.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан пред два дена му пренел на Нетанјаху дека постои можност Израел да ги нормализира односите со Саудиска Арабија доколку Ерусалим се согласи на патот кон идната палестинска држава. Нетанјаху одговори дека нема да прифати палестинска држава, дури и со нормализирање на односите со Саудиска Арабија./МИА

притисни ентер