Почнаа изборите во Индија - се гласа до 1 јуни, право на глас имаат 968 милиони луѓе

Во Индија денеска почнаа парламентарните избори со најголем број гласачи во светот, а премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да добие трет мандат.

Главниот ривал на партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на Моди е коалицијата „Индија“ на Рахул Ганди.

Парламентарните избори во Индија ќе траат до 1 јуни, а право на глас имаат 968 милиони луѓе.

Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот.

На претходните избори БЈП освои 303 пратенички места, а опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) 52 места.

Гласачите ќе гласаат на електронски гласачки машини, а за да се обезбеди сигурност гласањето се одвива во седум фази - 19 април, 26 април, 7 мај, 13 мај, 20 мај, 25 мај и 1 јуни.

Лагумџија: Конечниот предлог за Резолуцијата за Сребреница испратен до ОН

 Амбасадорот на БиХ во ОН Златко Лагумџија изјави дека „по неколку рунди инклузивни консултации, конечната нацрт-резолуција“ за Сребреница била испратена до претседателот на Генералното собрание на ОН и до сите постојани мисии во ОН.

„По неколку рунди инклузивни консултации, конечниот предлог на Резолуцијата „Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година“, од страна на „преку-регионалната основна група“, отиде до претседателот на Генералното собрание на ОН и сите постојани мисии во ОН“, напиша Лагумџија синоќа на мрежата Икс./МИА

Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ.

ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, додавајќи дека во случај на пообилни врнежи можно е метео алармот да се подигне на портокалово ниво, пред се во најисточните делови на Белгија во близина на границата со Германија. /МИА

Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица

Полицијата заплени кокаин, хероин и канабис.

Во рамки на третата фаза од голема полициска акција „Храм“ (Темпули) полицијата во Тирана разбила група која дистрибуирала канабис, хероин и кокаин, во различни области на Тирана, во близина на училишта, како и во ноќни клубови.

-Акцијата следуваше по четиримесечна истрага, со посебни методи од страна на стручни лица за истраги за наркотици при локалната полициска управа во Тирана, под раководство на Обвинителството при Основниот суд на општата надлежност на Тирана. Обезбедени се правни докази за документирање кривични предмети на 35 граѓани, изјави Тонин Воцај, директор на полициската управа на Тирана.

Воцај додаде дека се уапсени 20 лица а по 10 други се трага, запленети се 3,5 килограми кокаин, 50 дози хероин, 100 дози канабис, 27 мобилни телефони и 5 автомобили.

Во рамки на првата и втората фаза од акцијата „Храм“, чија цел е сузбивање на дистрибуцијата на дрога пред училишта и угостителски објекти, уапсени се повеќе од 200 лица. /МИА

притисни ентер