Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

Во американскиот конгрес поднесена предлог-резолуција за признавање на Накба

Американската конгресменка со палестинско потекло Рашида Тлаиб претстави предлог-резолуција за признавање на палестинската Накба.

Американската конгресменка со палестинско потекло Рашида Тлаиб претстави предлог-резолуција за признавање на палестинската Накба, термин кој се однесува на масовното протерување на Палестинците од нивната татковина за време на создавањето на Израел во 1948 година.

Оваа резолуција, која ја одбележува 76-годишнината од Накба и промовира свесност и разбирање за овој историски настан, исто така го повикува Конгресот да ја врати поддршката за Палестинската агенција на ОН за бегалци (УНРВА).

САД го суспендираа финансирањето на УНРВА по израелските наводи дека некои од персоналот на Агенцијата биле поврзани со нападот на Хамас на 7 октомври, за што Тел Авив не обезбеди докази.

Санкционирани 67 возачи на мотоцикли

На територија на државаtа во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12 до 19 часот, изречени се вкупно 67 санкции за возачи на мотоцикли.

Од нив, како што соопшти денеска МВР, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 147 други видови на сообраќајни прекршоци.

Акција на крајбрежната служба на Грција за спасување мигранти во близина на Крит

Операцијата е во тек за пронаоѓање на евентуално исчезнати лица.

Вкупно 42 лица се спасени во акцијата на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел на 27 наутички милји југозападно од островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Операцијата е во тек за пронаоѓање на евентуално исчезнати лица.

Според крајбрежната служба, 40 лица биле спасени од бродови што се наоѓале во близина, а останатите двајца со помош на хеликоптер на воената морнарица биле извлечени од морето и пренесени на Крит.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека мигрантите побарале помош од италијанскиот центар за пребарување и спасување, по што италијанските ги информирале грчките власти.

притисни ентер