Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во акција по повод шестдеценискиот јубилеј.

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна.

-Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените дадоа идеја една од тие акции да биде и крводарителската, што значи Судот ја покажува и својата хумана храна. Повеќе од половината вработени се пријавија за давање крв или од вкупно 60 повеќе од 30 се согласни да дадат крв, изјави Кацарска.

Акцијата се одржува под мотото „Биди хуман - спаси живот”, во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Почна во 9 и ќе трае до 14 часот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето крв и мотивирање на поголем број луѓе за доброволно дарување.

Во Полска уапсени девет лица поради саботажа за руски служби

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за службите на Русија.

„Во моментов имаме девет осомничени уапсени и обвинети за извршени акти на саботажа во Полска, директно во име на руските служби“, изјави Туск за телевизијата ТВН24.

Меѓу наводните злосторства се палење и тепање, а Полска соработува со други земји во истрагата, вклучувајќи ги Литванија, Латвија и Шведска.

Меѓу наводните злосторства се палење и тепање, а Полска соработува со други земји во истрагата, вклучувајќи ги Литванија, Латвија и Шведска.

Варшава тврди дека станала честа цел на руските разузнавачки служби поради нејзината важна улога во доставувањето пакети помош за Украина, а Туск претходно во мај најави дека владата ќе додели дополнителни 25 милиони долари за нејзините разузнавачки служби поради оваа закана.

Ким Џонг-ун испрати сочувство до Иран: Раиси беше извонреден државник и близок пријател

 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун упати сочувство до Иран поради смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа, објави државната новинска агенција.

Ким во пораката посочува дека смртта на Раиси е „голема загуба“ за Иран и дека се надева дека ужалените семејства ќе закрепнат што е можно поскоро.

Раиси беше „извонреден државник и близок пријател“ кој даде „голем придонес во идејата на иранскиот народ за зачувување на суверенитетот, развојот и интересите на својата земја и успехот на исламската револуција“, рече Ким, пренесе агенцијата.

Северна Кореја и Иран имаат блиски врски и постои сомневање дека двете земји соработувале во програмите за балистички ракети, најверојатно споделувајќи технички податоци.

Ѓуриќ: Ќе направиме се да добиеме најдобар резултат за Србија за резолуцијата за Сребреница

Сигурно е дека тоа ќе биде силна дипломатска активност, сериозна борба. Притисокот со кој се соочуваме, не само ние, туку и земјите кои гласно се изјаснуваат против резолуцијата е огромен.

Министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ изјави дека делегацијата предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк прави максимални напори за Србија да добие најдобар можен резултат на седницата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Сребреница, јави дописникот на МИА од Белград.

-Сигурно е дека тоа ќе биде силна дипломатска активност, сериозна борба. Притисокот со кој се соочуваме, не само ние, туку и земјите кои гласно се изјаснуваат против резолуцијата е огромен. Паралелно со нашите напори за лобирање, продолжуваат и притисоците на земјите кои се 20 пати посилни од Србија. Земјите кои се изјаснуваат против во одредени сегменти и ситуации се соочуваат со огромен притисок, изјави Ѓуриќ во соопштението на српското МНР.

Тој кажа дека во таа борба е вложен сиот кредибилитет што го има Србија, преку Движењето на неврзаните, добрата соработка и принципиелна политика.

Шефот на српската дипломатија рече и дека пред еден месец во Обединетите нации се чинеше дека резолуцијата е завршена работа, бидејќи никој не очекуваше некој да се осмели да се спротивстави на нешто што е замислено како политичка осуда на Србија и како создавање на морална стигма што ќе би ја носеле сегашните и идните генерации.

Неговиот впечаток е дека коспонзорите на резолуцијата не очекувале и не сакале сценарио во кое Србија активно се спротивставува и дека е убеден дека тоа ќе вроди со одредени плодови.

-Не би сакал претерано да ги зголемувам очекувањата, но сосема е сигурно дека работите не поминуваат и нема да се одвиваат онака како што замислиле авторите на овие резолуции, рече шефот на српската дипломатија.

притисни ентер