Преговорите меѓу Израел и Хамас се во застој, изјави катарскиот премиер Ал-Тани

Преговорите меѓу Израел и Хамас за обезбедување примирје во Газа и размена на заложници се во застој. 

Поминуваме низ чувствителна фаза со одреден застој и се обидуваме колку што е можно повеќе да го решиме тоа“, изјави денеска катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани на прес-конференција со романскиот премиер Марсел Чолаку.

Катар, заедно со САД и Египет, е ангажиран во неколкунеделни разговори за да се обезбеди примирје во Газа и ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Преговарачите се обидуваат „да продолжат напред и да стават крај на страдањата што ги доживуваат луѓето во Газа и да ги вратат заложниците“, рече шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани. /МИА

Милан се откажа од Лопетеги по протестите на навивачите

 Хулен Лопетеги нема да го води Милан. Шпанскиот стручњак беше фаворит за функцијата главен тренер на „Росонерите“. Неговата кандидатура ја одобри сопственикот на клубот Џери Кардинале. Страните разговараа за договор на 3 години.

Сепак, според „La Gazzetta dello Sport“, миланезите одбиле да го поканат Лопетеги по протестите на навивачите. Петицијата со хаштаг #Nopetegui (Нопетеги) ја потпишаа повеќе од 10 илјади луѓе за 48 часа.

Милан наскоро ќе ја продолжи потрагата по нов тренер. Условите се: да развива млади играчи, да има меѓународно искуство и да соработува со раководството на клубот при донесување одредени одлуки.

Сегашниот тренер на Милан, Стефано Пиоли по завршување на сезоната ќе го напушти клубот поради незадоволителни резултати.

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Германија во април изнесуваше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, соопшти денеска германската Сојузна агенција за труд.

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

За априлската статистика, Агенцијата користела податоци кои биле достапни до 15-ти во месецот, пренесува порталот Wirschaftsvohe.

„На пазарот на трудот сè уште му недостига силна поддршка на економијата, така што пролетното закрепнување останува слабо“, изјави членот на управниот одбор на Агенцијата, Даниел Терзенбах.

Побарувачката за работници исто така благо опаѓа, но и натаму е на многу високо ниво.

Агенцијата за труд во април регистрирала 701.000 слободни работни места во Германија, што е за 72.000 помалку од пред една година.

Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

- Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.

притисни ентер