Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ во својата изјава за медиуми посочи дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ.

Во продолжение проследете ја изјавата:

"Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот. Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници.

Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и борба против корупција. Ова ќе го обезбедиме низ преговорите, со помош од ЕУ. Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе.

До крајот на 2025 година очекувам за македонското општество, за граѓаните и за државата, да искористиме околу 500 милиони евра од ИПА2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија.

За македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години.

Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија." - изјави Маричиќ.

Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски стекна стан и 4 милиони во банка?

Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?

СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.

Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.

Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.

Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.

Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.

Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

До 2030 година Албанија со четири аеродроми

Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година  Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија.

На веќе постоечките аеродроми во главниот град Тирана и северниот град Кукс, аеродромите во крајбрежниот град Валона, југозападна Албанија и во јужниот град Ѓирокастро, ќе бидат додадени до 2030 година.

Во интервјуто Кумбаро додаде дека до 2030 година меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана ќе започне со прекуокеански летови.

Таа е оптимист дека во 2030 година во земјата ќе престојуваат 30 милиони туристи. /МИА

притисни ентер