Прес на ДИК, најмала излезност на претседателски и парламентарни избори до 9 час. во Боговиње

Прес-конференција на Државната изборна комисија (ДИК) за стартот на гласањето на изборите за претседател на државата и за пратеници во Собранието.Отворени сите гласачки места. 

Според досега собраните информации од 1009 избирачки места до 9 часот гласале 22797 гласачи или 4, 17 %.

За претседателските избори најголема излесност до 9 часот во Пробиштип 8,8 проценти, најмала во Боговиње 0,57%.

На парламентаните избори до 9 часот на 1033 гласачки места правото на глас го оствариле 25 132 гласачи или 4, 45 проценти.

За парламентарните избори најголема излезност во Кривогаштани 9, 46 %, најмала во Боговиње 1, 4 %, соопшти меѓудругото првиот човек на ДИК, Даштевски.

Дали има индикации за некаков бојкот на изборните процеси, односно за претседателските избори?

-Значи од тоа што го гледам јас овде, а тоа е најверодостојно, нема поверодостојно од тоа, и вие што го слушнавте сега, апсолутно нема,бидејќи иста е излезноста и на едните и на другите,не знам како гласале, дали се поништени, но процентот е тој. Сите што гласале за едните, гласале и за другите, ист е процентот, одговори претседателот на ДИК, Даштевски на новинарското прашање.

Излезеноста за вториот круг претседателски избори до 9.00 часот утрово е 4,17 отсто, согласно податоците од 1 009 избирачки места каде гласале 22 797 лица. Најголема е излезеноста во Пробиштип, 8,85, а најмала во Боговиње, 0,57. За парламентарните избори, пак, излезеноста е 4,45 отсто, покажуваат податоците од 1 033 избирачки места каде гласале 25 132 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 9,46 отсто, а најмала во Боговиње, 1,43, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

На првата прес-конференција по почетокот на денешното гласање, Даштевски информира дека сите избирачки места се отворени, а на неколку има технички проблеми кои тековно се решаваат. Добиени се и 15 приговори за избирачко право од кои само три се одбиени.

-Споредбено со вториот круг претседателски избори од 2019 година излезеноста е намалена за 1,99 отсто. Во однос на парламентарните избори во 2020 година исто така има намалување, за 0,74 отсто, рече Даштевски.

Според него, гласањето на местата каде има технички проблеми ќе продолжи со УВ лампа и спреј, а ако се отстранат недостатоците, ќе проодлжи со техничката опрема. Тие места се 0838/1 во Кочани, 1252 во Охрид, 1100 во Куманово, 1977 во Тетово, 2225 во Тетово и 2544 во Гази Баба.

Ново детско катче и простор за одмор на ул. "Ѓорѓи Димитров"

Прекрасниот неделен сончев ден го искористија децата кои живеат во непосредна близина на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”. 

Во голем број излегоа да уживаат на новото детско катче и новиот терен за мал фудбал. Просторот е надополнет со урбана опрема и зеленило, така што претставува нова локација за одмор и дружење и за повозрасните.

-Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за мал фудбал со вештачка трева на улица ,,Ѓорѓи Димитров”. Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече, добиваат ново детско катче и терен за фудбал, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема која ја нуди ова место.Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво овој парк. Мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива реконструирано катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Мундо Депортиво: Во понеделник ќе се решава судбината на Чави во Барселона

Раководството на Барселона утре ќе одлучи за иднината на тренерот на тимот Чави, пишува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски весник, 44-годишниот фудбалски стручњак ќе се сретне со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Се наведува дека средбата може да има каков било исход.

Чави во јануари најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона. Во април тој објави дека се премислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Подоцна, се појави информација дека Барселона не е задоволна од јавните коментари на Чави за финансиските проблеми на клубот.

По 36 одиграни кола, Барселона (79 бодови) е на второто место во шпанската Ла Лига. /МИА

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

 Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

притисни ентер