Претепан е кандидатот на партијата на Шолц додека лепел плакати- опериран е

Матиас Еке, кандидат на СПД на изборите за Европскиот парламент, беше претепан и тешко повреден.

Тоа е последен во серијата инциденти кои ги подигнаа политичките тензии во Германија пред изборите. Партијата на германскиот канцелар Олаф Шолц со средба во Хамбург минатата недела започна официјална кампања за изборите во ЕУ.

Еке синоќа бил нападнат додека лепел плакати во Дрезден. Од партијата изјавија дека тој е пренесен во болница и дека ќе му биде извршена операција поради повредите. Полицијата соопшти дека 41-годишниот политичар бил нападнат од четворица мажи.

Истите напаѓачи, наводно, нападнале активист на Зелената партија на истата улица само неколку минути претходно. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер, која исто така е социјалдемократ, рече дека доколку се докаже дека нападот врз Еке е политички мотивиран, тоа ќе биде „сериозен напад врз демократијата“.

„Доживуваме нова димензија на антидемократско насилство“, изјави таа. Таа вети „построга акција и дополнителни мерки за заштита на демократските сили“. Власта и опозициските партии велат дека нивните членови и поддржувачи се соочиле со бран физички и вербални напади во последниве месеци и ја повикале полицијата да ја засили заштитата на политичарите и предизборните собири, објавија германските медиуми.

Многу од инцидентите се случија на поранешниот комунистички исток на земјата, каде што се очекува партијата AfD да оствари предност на европските избори и на германските покраински избори наесен. Мејнстрим партиите ја обвинуваат АфД за врски со насилните неонацистички групи и за поттикнување на се посуровата политичка клима.

На истакнатиот лидер на АфД, Бјорне Хоке, во моментов му се суди, обвинет е за употреба на забранета нацистичка парола. Германската разузнавачка служба стави под надзор некои ограноци на партијата. Огранокот на социјалдемократите во провинцијата Саксонија, каде Еке е водечки кандидат за изборите во ЕУ, рече дека нивната кампања ќе продолжи и покрај „фашистичките методи“ на заплашување.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер