Притвор за осомничен за спречување полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие .

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

- На 2 мај, во куќа на улицата ,,Димката А. Габерот” во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот. Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди, се вели во соопштението од Обвинителството.

Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определил притвор во траење од осум дена, се наведува во соопштението.

Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер

Струмичката полиција вчера околу пладне во Струмица го лишила од слобода Љ.Ѓ.(46) од овој град. 

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, црна прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело..

Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полска ја зајакнува границата кон Русија и Белорусија

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска изјави дека почна осовременувањето и утврдувањето на источна граница со Белорусија и Русија, за што се наменети 2,3 милијарди евра.

- Тој план за одбрана и одвраќање го нарековме „Штит на Истокот“ … кој ќе нè брани од потенцијалните напади од исток, но пред сè ќе има за цел да го одврати непријателот. Системот на утврдувања, зајакнување, модернизирањето на 400 километри од границата со Русија и Белорусија ќе биде фактор на одвраќање, стратегија да се избрка војната од нашата граница, истакна Туск.

Тој најави дека следната недела ќе објави нови мерки за спречување провокации, саботажи и диверзии во рамките на хибридните напади од Русија и од Белорусија.

Зборуваме за потребата да се изгради силна држава, отпорна на саботажи и саботажи. Полска ќе биде отпорна држава и безмилосна до болка кон секој што ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во нашата земја, наведе Туск. Претходната влада на конзервативната партија Право и правда на границата подигна ограда висока повеќе од пет метри за да ги запре мигрантите.

Полска без оглед кој е на власт тоа го третира како руски и белоруски хибриден напад и обид за префрлање на десетици илјади бегалци во Полска со цел да се дестабилизира земјата но и другите членки на Европска Унија./МИА

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

притисни ентер