Приведени двајца крадци од Србија за седум кривични дела

Приведени двајца крадци од Србија поради извршени шест тешки кражби и украдени велосипеди на подрачјето на општина Аеродром.

- Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р. Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром, информираат од МВР.

Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците.

Деспотовски: Се остави и впечаток дека СДСМ е во подредена позиција на самата влада

„ Премногу долго време се остави да биде приоритет да биде темата за уставните измени и да биде доминантна во јавноста“

Почнавме процес на анализа за историскиот пораз. Премногу долго време се остави да биде приоритет да биде темата за уставните измени и да биде доминантна во јавноста притоа знаејќи дека исходот нема да се случи. Темите поврзани со економијата и борбата со корупцијата беа потиснати во втор план. Се остави и впечаток дека СДСМ е во подредена позиција на самата влада. Перцепцијата дека играме подредена улога во сопствената влада е цената која ја плати СДСМ. Дозволивме таква перцепција да се створи во јавноста и таа перцепција постои и треба да се дискутира за тоа, а тука го изгубивме и фокусот на кадровските прашања, рече Јован Деспотовски во Само Вистина.

Зеленски разреши висок функционер во разузнавачката служба на Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши Андриј Алексејенко, првиот заменик-шеф на Службата за надворешно разузнавање на Украина, а за негов заменик го назначи Олег Луговски.

„Со указ бр. 319/2024, претседателот го разреши Андриј Алексејенко, првиот заменик-шеф на Надворешната разузнавачка служба на Украина“, објавено е на веб-страницата на претседателот на Украина.

Андриј Алексејенко беше прв заменик-шеф на Службата за надворешно разузнавање од 27 ноември 2017 година./МИА

Макрон не ја исклучува можноста за продажба на француски банки на европските ривали

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека европскиот банкарски сектор треба да помине низ „поголема консолидација“, дури и ако тоа значи дека една од главните француски банки да биде купена од европски ривали.

Макрон долго се залагаше за унија на европските пазари на капитал, тврдејќи дека сегашната фрагментација на банкарскиот сектор во регионот го кочи растот на блокот.

На прашање од Блумберг дали би бил подготвен да дозволи продажба на француската Сосиете Женерал на шпанскиот Сантандер, Макрон рече: „Ако сте Европејци, тоа значи дека ви треба консолидација на начин на Европејци“./МИА

притисни ентер