Продолжи штрајкот на приватните специјализанти – не се задоволни од одлуката на владата

Владата нема желба да ги реши нашите проблеми и само ни дава лажни ветувања кои сме ги слушнале неколкупати.

Ова го порачаа приватните специјализанти, кои трет ден протестираат со барање за покачување на нивниот надоместок, а бараат и здравствено осигурување и решавање на нивниот статус.

Специјализантите се револтирани затоа што и по вчерашната владина седница ниту едно од нивните барања не е решено, со образложение дека во тек е изборен процес.

„Нашиот гнев, став и негодување има многу подлабоки корени од претстојните избори. Праќаме јасна порака дека не се откажауваме. Штрајкот ќе продолжи.“- Даниел Трајков – специјализант

-Пред некое време изгубив специјализантка која 13 години ја едуцирав да биде ревматолог. Пред тоа уште една, која е во Германија и навистина проблемот е многу горлив. Во моментов немам асистент и помлад асистент, а навистина треба- Проф. Д-р Љубинка Дамјановска Крстиќ

Покачување на платите и подобри услови во здравствените установи побараа и од Независниот синдикат од Геријатрија.

Оттаму велат дека здравството ни е во катастрофална состојба, и според нив, жално е што ниту една власт не ги ставила проблемите на медицинските лица како приоритет.

Поради состојбите во здрасвтвото, според податоците на лекарската комора, годишно околу 250 лекари си заминуваат од јавното здравство, а најголем и ја напуштаат земјава.

Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата, Оливер Спасовски, даде изјава за медиумите во Ѓорче Петров, со повик до граѓаните за масовна излезност на 8 ми мај за бројот 1.

„Ве повикувам - Излезете на 8 ми мај, силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата!

Да не дозволиме враќање на режимот! Десничарската партија ВМРО ДПМНЕ е истата таа на Груевски, а знаеме сите што значи преголема моќ во нивни раце - крај на ЕУ перспективи, крај на поголеми плати и пензии, крај на можности за младите и крај на соживот и меѓуетничка кохезија”, рече Спасовски. Притоа, тој истакна дека граѓаните не сакаат враќање на режимот.

„Доволно беше чекањето за Европа и никој не сака враќање назад по патот кон нестабилност и изолација.

ДПМНЕ ќе ја одложуваат евроинтеграцијата во недоглед, сега зборуваат за рокови. Истото тоа го правеше и Груевски, тие само ќе продолжат кај што застана тој. Ќе го вратат национализмот, насилството, апсењето новинари и тепањето студенти, прислушувањата и грабежот на народни пари. За тоа да немате дилема!”, рече Спасовски, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за СДСМ и коалицијата.

„Сите сме исправени пред голем предизвик, секој еден член и активист на СДСМ, секој граѓанин, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Влади, Бошњаци, Турци и сите други - имаме обврска, заради аманетот од предците борците од НОБ и АСНОМ кои ја изградиле Македонија, и уште поважно, заради генерациите кои доаѓаат, да им оставиме европска држава, европски живот дома!

Затоа е важно на 8 мај сите да излеземе и да го поддржиме СДСМ, затоа што ДПМНЕ ќе го донесе повторно режимот кој долго време се трудевме да го срушиме.

СДСМ е единствената партија која ја движи државата напред, кон прогрес, интересот на граѓаните и развојот на државата - секогаш пред сѐ и над сѐ.

Мора да сме силни и единствени СДСМ, заради иднината на државата.

Да ги зачуваме слободата и напредокот на државата!

Нема да се откажеме - Сите масовно на 8 мај гласаме за број 1!”, рече Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Димитриевски ги соопшти условите за евентуална соработка со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски, ги испорача своите услови за евентулни пост-изборна соработка со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ. 

Максим Димитриевски се согласува со ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои се против уставните измени и несоработка со ДУИ, но тоа нема да биде доволно за евентуални разговори за пост-изборна соработка. Прво бара ВМРО-ДПМНЕ да ги расчисти дилемите во јавноста околу постоењето на некаков договор со поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев..

Димитриевски не ја затвора вратата ниту за соработка со СДСМ, но не со сегашното раководство. Побара нивни оставки во рок од 24 часа, и дополнително повлекување од пратеничките листи на носителите и коносителите, за како што рече, да не се спасуваат од одговорност со имунитет.

Првиот човек на ЗНАМ иако отпадна од трката за претседател, сепак повика на масовно гласање и на вториот круг од Претседателските избори, за да се избегне опасност од институционална криза..

Запрашан за кој би дал поддршка, Димитриевски не даде директен одговор, но додаде дека се кае што во минатото го поддржувал актуелниот претседател Пендаровски.

Мерчан нема милост: Трамп е казнет со 9.000 долари за непочитување на судот (ВИДЕО)

Судијата Хуан Мерчан изјави дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп е казнет со 9.000 долари поради прекршување на забраната за коментирање на сведоците.

Обвинителите го обвинија поранешниот претседател дека постојано ја прекршувал наредбата да не ги коментира сведоците, барајќи од судијата да го казни со 1.000 долари по коментар, објави Гардијан.

Според судскиот налог, Трамп не може да дава, или да наложува други да даваат, јавни изјави за сведоци поврзани со нивната улога во истрагата и судењето, пред обвинителите, освен окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег и членовите на судскиот персонал или персоналот на окружниот обвинител.

Трамп може слободно да го критикува Мерчан, иако тоа веројатно нема да му се допадне на судијата, кој ќе одлучи за неговата казна доколку поротата го прогласи за виновен.

Пред судењето, Мерчан ја прошири забраната за коментари за да ги „покрие“ неговите и семејствата на Брег, откако Трамп објави објава за неговата ќерка, која работеше за компанија која им помагаше на демократските кандидати во дигиталните кампањи.

притисни ентер