Пуштен е на слобода тинејџерот (14), кој силуваше и снимаше 11 годишно девојче во Австрија

Момчето (14) кое беше осудено за силување на 11-годишно девојче во Корушка, Австрија,  е прогласено за виновно пред судот во Клагенфурт и пуштено дома!

Момчето кое го признало делото е осудено на 14 месеци „делумна затворска казна“, а бидејќи поминал еден месец во притвор зад решетки, не мора да помине ниту ден повеќе и денеска е пуштен дома по пресудата.

Австриските медиуми јавуваат дека момчето сега е на условна казна и му е препишана интензивна психолошка терапија. Се работи за момче од Украина. Според Хојт, она што ја ублажило пресудата е интегритетот на момчето, неговото признание и фактот дека наполнил 14 години две недели пред злосторството.

Момчето кое побегнало од Украина е прогласено за виновно за силување, сексуална злоупотреба на малолетник и обид за уцена.

Момчето признало дека на 15 јануари го врзал и силувал девојчето кое претходно не го познавал. Сè се случило во шума во близина на градот.

Тој признал дека потоа му се заканил на девојчето никому да не кажува што се случило. Признал и дека сè снимал со својот телефон.

Откако девојчето ѝ се доверило на мајка си, целиот случај бил пријавен во полиција. Тогаш 14-годишникот бил приведен, но по пет недели бил пуштен на слобода.

Прелиминарното рочиште се одвивало „зад затворени врати“, со оглед на тоа дека жртвата е дете.

Фестивалот „Прво па женско“ почнува со претставата „Свет без жени“

Со претставата „Свет без жени“, на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности вечер почнува дванаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“.

Како што информираат од Тиииит! Инк., по изведбата на претставата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. - „Дијалогот што недостасува“, ќе следува разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова од феминистичката платформа „Медуза“.

Претставата „Свет без жени“ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ ја освои наградата од публиката на Фестивалот „Битеф“ во 2022 година.

-Жените и работата - тоа е главниот мотив на проектот „Свет без жени“. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици. Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија, соопштија организаторите на фестивалот.

Претставата ќе биде изведена како соработка меѓу Центарот за иновација во уметноста и културата „Локомотива“ и организацијата за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ и нивните фестивали Перформанс платформа фестивал и „Прво па женско #12“.

Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот: поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Сиљановска Давкова беше инаугурирана на 12 мај во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата. Сиљановска Давкова е шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција.

Администрацијата на Бајден ангажирана е на евакуација на американските лекари од Појасот Газа

Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден е ангажирана во евакуацијата на американски лекари од Појасот Газа, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Група американски лекари од Палестинската американска медицинска асоцијација претходно за „Вашингтон пост“ потврдија дека се блокирани во Газа откако Израел го затвори граничниот премин Рафа.

Внимателно ја следиме ситуацијата и работиме да ги извлечеме американските граѓани од Газа, истакна Жан-Пјер, додавајќи оти за тоа се разговара со Израел.

притисни ентер