Русите тврдат дека Крим наводно бил нападнат со моќни ракети кои Бајден тајно ги испратил

Украинските сили наводно ги нападнале руските системи за воздушна одбрана на окупираниот полуостров Крим.

Извештаите од платформата „X“ покажуваат дека Украина ја нападнала руската противвоздушна одбрана со тактички балистички ракети на Кејп Тарханкут, во западниот дел на Крим.

Профилот на „War Translate“ објави скриншот од пораки од руски канали во кои панично се известува за нападот што наводно се случил во текот на ноќта во саботата.

- Во текот на ноќта непријателот ги нападна единиците на системот за противвоздушна одбрана на Кејп Тарханкут со ракети АТАКМС, најверојатно со касетна боева глава. Непријателот се обидува да уништи цели области за воздушна одбрана; Засилени напади се предвидуваат во обидот на Киев да организира информативни и борбени операции за Денот на победата и инаугурацијата на врховниот командант, стои во преводот.

На 23 август 2023 година, Украина го уништи рускиот противвоздушен систем С-400 на Кејп Тарханкут.

- Со оглед на ограничениот број на такви системи во арсеналот на непријателот, ова е болен удар за системот за воздушна одбрана на окупаторот, изјавија разузнавачи од Украина.

Во април, Украина нападна голем руски аеродром во Џанкој, Крим. Тој напад беше првиот во кој украинските сили користеа од новите ракети ATACMS кои тајно им ги испратил САД. Сè уште не е познато дали во нападот на Кејп Тарханкут било употребено оружје испратено од САД.

Ракети со долг дострел беа испратени во Украина на почетокот на оваа година на барање на американскиот претседател Џо Бајден. Портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател изјави дека испораката првично не била објавена „за да се одржи оперативната безбедност на Украина“.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, минатата недела им потврди на новинарите дека „значителен број“ проектили, кои можат да погодат цели до 450 километри, се испорачани на Украина.

Пентагон првично долго ја одложуваше испораката на ракетите со долг дострел поради стравувањата дека Украина би можела да ги искористи за да нападне цели длабоко во руската територија, што потенцијално ќе ја ескалира војната. /МИА

Палевски наскоро ќе го даде првиот исказ пред обвинител

Откако синоќа беше екстрадиран од Турција и директно од скопскиот аеродром со полициска придружба пренесен во затворот во Шутка наскоро се очекува Љупчо Палевски-Палчо да го даде првиот исказ пред обвинител.

Откако синоќа беше екстрадиран од Турција и директно од скопскиот аеродром со полициска придружба пренесен во затворот во Шутка наскоро се очекува Љупчо Палевски-Палчо да го даде првиот исказ пред обвинител за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Палевски од ноќеска го издржува претходно определениот 30 дневен притвор. Сместен е во посебна просторија, кон која се доаѓа од посебен ходник каде нема никаков контакт со останатите притворени. Поради безбедносен ризик за него важат посебни протоколи од начинот на негово обезбедување со едни исти лица, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана. Како што информираше директорот на затворот Филип Андов при приемот Палевски не се пожалил на здравјето, а за него биле извршени редовни прегледи кои се прават како за сите притвореници.

„И за отворање на вратата, кога треба да му се отвори вратата точно се пишува време , кога е отворена и зошто и кога се затвора, се носи во посебна бања и се шета на посебно место. Ограничена е и храната, со детална проверка и сите други параметри каде што притвореното лице има право по куќниот ред да ги исполнува. Нема никаков контакт со останатите тука затворската полиција е ограничена каде што едни исти лица ќе бидат задолжени за него во постапката која секојдневно ќе ја извршува,“- Филип Андов – Директор на истражниот затвор Скопје.

Истрагата за двојното убиство за кое Палевски е првоосомничен, а која беше отворена во декември, е во завршна фаза, информираат од обвинителството, но во интерес на истражните дејствија од таму не споделуваат повеќе детали.

- „ Во однос на ова лице, јавниот обвинител презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази кои во оваа фаза на постапката не можат да бидат споделени со јавноста.“ – ОЈО Скопје.

За грозоморните убиства наскоро се очекува да биде поднесено и обвинение, а осомничените да седнат на обвинителна клупа во судница. Палевски се терети за две тешки кривични дела: „грабнување„ и „ убиство на свиреп начин„. Тој откако беше идентификуван како главен организатор на двете убиства кои ја шокираа јавноста во земјава, но и во регионот, избега од Македонија во Србија, па оттаму преку Бугарија во турскиот град Баликесир, каде и беше уапсен во декември минатата година и во екстрадициски притвор остана речиси пет месеци. Покрај Палевски, за двојното убиство осомничени се и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Осомничен за помагање е и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, кој по неколку месеци поминати во затворот во Шутка од неодамна се наоѓа во куќен притвор по одлуката на Врховен да му ја уважи жалбата.

Управен суд ќе одлучува по тужбата на коалицијата “ВРЕДИ“

Управниот суд попладнево ќе одржи седница на која ќе одлучува по тужбата на Коалицијата Вреди против одлуката на Државната изборна комисија да го отфрли приговорот за гласањето во Долна Бањица гостиварско.

Засега во Управниот суд е пристигната само една тужба од коалицијата вреди а тужби против одлуките за дел од прифатените приговори на Државната изборна комисија најавија и од коалицијата Европски фронт предводен од ДУИ.

Во зависност од одлуките по тужбите кои ќе ги донесе Управниот суд и од тоа дали евентуалното прегласување на тие избирачки места би влијаело на распределбата на пратеничките мандати, комисијата ќе донесе конечна одлука за прегласување.

Се вратила дома исчезнатата 16 годишна девојка од Велес

Во  велешката полиција било пријавено дека синоќа околу 18.00 часот во домот се вратила 16 годишната М.И. од Велес, информира попладнево Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Претходниот ден на 14 мај нејзината 29 годишна сестра К.Р. од Велес пријавила дека нејзината сестра се оддалечила oд домот.

притисни ентер