Сѐ позачестени сообраќајни незгоди низ државата–брзото возење најчеста причина

„Загина 42 годишен маж од Делчево, излетал од патот, малолетен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа, почина возач, сопатникот тешко повреден, петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца“

„Загина 42 годишен маж од Делчево, излетал од патот, малолетен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа, почина возач, сопатникот тешко повреден, петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца“ – се само еден мал дел од медиумските наслови во последниве недела дена, на патиштата во Македонија, во овој период, речиси секој ден има по еден загинат. Брзината и натаму остануваат ризик број еден за прераната смрт на улиците кои се се пораздвижени со потоплото време, велат од МВР..

-Според сите наши анализи, но анализите на другите полиции, брзината е најчеста причина за тешки сообраќајни несреќи, односно оние сообраќајни несреќи каде што имаме жртви, каде што имаме тешки телесни повреди, токму поради тоа, ние како МВР сме насочени најмногу на санкционирање на овој прекршок,- – Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Изминатата година полицијата напишала над 250.000 казни само за пребрзо возење....

Последната тешка сообраќајна несреќа во Скопје се случи на оваа крстосница, а жената чие возило беше преполовено заврши со тешки повреди..

Неколку дена по несреќата екипата на Канал 5 дојде на истото место... Затекнавме од малолетни мотоциклисти на пешачки патеки, до сериозни пречекорување на брзната на партизанска која е ограничена на 50 км на час..

Пешаците пак улиците ги преминуваат ако некој од возилата се смилува да ги пропушти.. Инаку во изминатиов период беа прегазени и неколку пешаци, последниот загина на регионалниот пат Струмица – Валандово..

Според универзитетскиот професор по безбедност во сообраќајот - Зоран Јошевски, недостасува соодветен сообраќен систем, бидејќи државава, според него, во моментов го нема..

Претстојниот период доаѓаат и матурските прослави каде голем дел од средношколците ќе седнат позади воланот. Од МВР апелираат до родителите, но и до матурантите, да не користат возила, заради нивната лична безбедност..

Ерусалим: Илјадници демонстранти протестираат против Владата на Нетанјаху пред Кнесетот (ВИДЕО)

Додека членовите на израелскиот парламент повторно се состануваат по пауза од шест недели, попладнево пред зградата на Кнесетот во Ерусалим се собраа илјадници антивладини демонстранти од цел Израел.

Полицијата постави два реда барикади кои ги делат демонстрантите од Кнесетот, а присутните извикуваа слогани против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада, пишува Тајмс оф Израел.

„Биби (прекарот на Нетанјаху) е опасност за постоењето на Израел“, извикуваа демонстрантите. Истакнатиот антивладин активист Шикма Бреслер рече дека целта на протестот, спроведен на легален и ненасилен начин, е „да им се врати на граѓаните на Израел можноста да влијаат на насоката во која се движи нивната земја“.

Демонстрантите пристигнаа во Ерусалим од целата земја, а многумина учествуваа во огромен, бавно движечки конвој на автомобили што се упати кон главниот град претходно денеска.


Израелците им порачаа на САД: Имаме намера да ја прошириме офанзивата во Рафа

Израел има намера да ја прошири воената операција во Рафа, му изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант на советникот на американскиот претседател Џо Бајден, кој предупреди од поголема акција во градот на југот на Појасот Газа.

Израел има намера да ја прошири воената операција во Рафа, му изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант на советникот на американскиот претседател Џо Бајден, кој предупреди од поголема акција во градот на југот на Појасот Газа, што може да доведе до масовни цивилни жртви.

Израел го опишува Рафа, град на границата на крајбрежната енклава со египетскиот Синај, како последно засолниште на исламистичкото движење Хамас, чие лидерство и борбен капацитет се обиде да го оневозможи за време на повеќе од седуммесечната војна.

По неколку недели јавно несогласување со Вашингтон околу планирањето на нападот на Рафа, Израел им нареди на палестинските цивили да се евакуираат од делови од градот на 6 мај, а израелските војници и тенкови ја започнаа операцијата. „Ние сме посветени на проширување на копнената операција во Рафа за да го завршиме отстранувањето на Хамас и враќањето на заложниците“, му рекол Галант на советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, се вели во соопштението од неговата канцеларија.

Израел верува дека Хамас држи десетици заложници во Рафа откако го нападна јужен Израел на 7 октомври. Западните сили и Египет изразија загриженост за судбината на стотици илјади раселени Палестинци кои се засолниле таму и покрај израелските гаранции за нивна безбедност.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека проценува дека од 6 мај Рафа го напуштиле 810.000 луѓе, што е потенцијално повеќе од половина од неговото предвоено население.

Во соопштението од канцеларијата на Галант се истакнува дека тој „на советникот Саливан му ги претставил мерките што Израел ги спроведе за евакуација на населението од областа Рафа и обезбедување соодветен хуманитарен одговор“.

Закажани се вонредни избори во Иран по загинувањето на претседателот Раиси

По смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, на 28 јуни ќе се одржат вонредни избори за претседател на Иран, објави денеска Мохсен Еслами, претседателот на иранскиот избирачки штаб.

„Четиринаесеттите претседателски избори во Иран ќе се одржат на 28 јуни“, рече Еслами, а пренесе агенцијата Иран Мехр.

Тој додаде дека од Советот на чувари било побарано да започне регистрацијата на претседателските кандидати пред 28 мај.

До крајот на изборите оваа должност ќе ја извршува досегашниот прв потпретседател на Иран, Мохамад Мохбер.

Советот на чувари, надпарламентарно тело составено од членови на свештенството, е задолжен за одобрување на кандидати за извршни функции во владата на земјата, вклучувајќи ја и функцијата претседател на Иран, пишува ТАСС.

Прошталната церемонија за Раиси ќе биде организирана утре во градот Табриз, а неговото тело потоа ќе биде однесено во Ком, Техеран и Бирџанд, пред да биде погребано во неговиот роден град Машхад на 23 мај.

притисни ентер