Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Само пет водечки кандидати за претседател на ЕК потврдија учество на дебатата на 23 мај

Само петмина од водечките кандидати за иден претседател на Европската комисија го потврдија учеството на дебатата во Европскиот парламент во Брисел, закажана за 23 мај.

На дебатата ќе учествуваат Урсула фон дер Лајен (Европска народна партија, ЕПП), Никола Шмит (социјалисти и демократи), Валтер Баер (европска левица), Сандро Гоци („Обнови ја Европа“), Тери Рајнке („Зелени“). На дебатата на 29 април во Мастрихт учествуваа осум кандидати, а од нив повторно ќе се појават само двајца - Фон дер Лајен и Шмит. Тогаш во трката се вклучија и претставници на Европското христијанско политичко движење, Европската слободна алијанса и групата „Идентитет и демократија“.

Предвидено е учесниците да одговараат на прашања од присутните на лице место и во претставништвата на ЕП во земјите на ЕУ, како и поставени онлајн. Главните теми ќе бидат прецизирани на 16 мај, се додава во соопштението.

По дебатата во Мастрихт, гледачите прв го прогласија кандидатот на „зелените“ Бас Ејкут, а втора Урсула фон дер Лајен (ЕПП).

Касемиро и Фернандеш би можеле да ја продолжат кариерата во Саудиска Арабија

Клубови од првенството на Саудиска Арабија покажуваат интерес за играчите на Манчестер јунајтед, Касемиро и Бруно Фернандеш, пишува „The Telegraph“.

Според британскиот медиум, претставниците на Касемиро веќе започнале преговори со клубовите од саудиската Про лига. Во Манчестер се подготвени да ја завршат зделката на почетокот на летниот преоден рок. Покрај тоа, клубот нема да инсистира на заминување на Бразилецот доколку тој изрази желба да продолжи да игра за „црвените ѓаволи“.

Во случајот со Фернандеш, раководството на Манчестер јунајтед е подготвено да преговара само доколку добие исклучителна понуда. Клубот го смета Португалецот за најважен играч на теренот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 32-годишниот Касемиро настапи на 23 натпревари, на кои постигна еден гол и имаше две асистенции. Актуелниот договор на Бразилецот е со важност до летото 2026 година.

Дваесет и деветгодишниот Фернандеш има одиграно 33 натпревари во англиското првенство, на кои успеа да постигне десет гола и седум асистенции. Договорот на Португалецот со „црвените ѓаволи“ е до крајот на сезоната 2025/26.

ВРЕДИ: Изборните манипулации на ДУИ потврдени од ДИК

Вчера со одлука на Државната изборна комисија уште еднаш се докажа дека Европскиот фронт предводен од Демократската унија за интеграција нема капацитет и кредибилитет да спроведе слободни, фер и демократски избори. 

Државната изборна комисија постапувајќи врз основа на приговорите на Коалицијата ВЛЕН поднесени за некои избирачки места во 6-та изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за 7 избирачки места, при што во 4 од нив се констатирани неправилност и тоа: во избирачко место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите кои го искористиле своето право на глас, во Избирачко Место 0387Гостивар и избирачко место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт.

Таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владењето, незаконски ја нарушил и искривилволјата на граѓанинот, спроведувајќи го „бугарскиот воз“ како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Ликово и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ. Замислете со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника. Тие се во паника не само што ќе си заминат во опозиција, туку и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, но и затоа што вчера, со отварање накутиите, се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власт, закани, уцени, притисоци и бугарскиот воз, се обиделе да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат.

Албанците на 8 мај ја добија слободата и денеска дишат слободно. ДУИ оди во опозиција и со користење на државниот апарат повеќе нема да може директно да влијае на изборниот резултат. Време е за одговорност, за влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата, ќе гарантира забрзан економски развој и европска интеграција.Нарушувачите на волјата на народот и изборниот резултат,ќе сносат одговорност и ќе одговараат пред органите на правдата.

притисни ентер