СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија.

Го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ.

Ги бојкотираа најважните моменти од нашата независност и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакво право да зборува за нечиј бојкот.

На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата.

Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради.

На 8-ми мај, граѓаните треба масоввно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава.

СДСМ

„Политико“: Сиљановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва

-Новоизбраната националистичка претседателка на Македонија уште пред да положи заклетва во неделата, предизвика дипломатска расправија со соседна Грција, наведува политико.

Бриселскиот портал „Политико“ во осврт за вчерашната инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова коментира дека уште на самиот свечен чин во Собранието со неупотребата на уставното име таа предизвикала расправија со соседна Грција и многубројни реакции од Атина.

-Новоизбраната националистичка претседателка на Македонија уште пред да положи заклетва во неделата, предизвика дипломатска расправија со соседна Грција, наведува политико.

„Политико“ наведува дека за време на церемонијата на полагање заклетва во Парламентот Сиљановска Давкова, која, како што посочи, е првата жена претседател на младата нација, ја нарекла својата земја „Македонија“, наместо со нејзиното уставно име „Северна Македонија“.

-Амбасадорката на Грција во Скопје, Софија Филипиду, веднаш ја напушти церемонијата на инаугурација во знак на протест, наведува порталот, додавајќи дека „десничарската партија ВМРО“, чија кандидат за претседател беше Сиљановска-Давкова и која победи и на парламентарните избори минатата недела, го отфрла Договорот од 2018 година кој предвидува земјата да не се нарекува „Македонија“.

Според историскиот договор од Преспа, наведува изданието, името и Уставот на земјата беа сменети, овозможувајќи и на Северна Македонија да влезе во НАТО во 2020 година и да го започне процесот на пристапување во ЕУ.

„Политико“ ја пренесува и реакцијата на грчкото МНР, според кое, изјавите на новата претседателка ги прекршиле условите од Меѓународниот договор од Преспа меѓу Атина и Скопје од 2018 година и ги загрозиле билатералните односи и изгледите на Северна Македонија за пристапување во Европската унија, како и пораката на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Икс дека „за Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи на патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“.

Порталот потсетува дека Грција со децении го блокираше пристапувањето на земјава во ЕУ и НАТО, тврдејќи дека со тоа што се нарекува себеси „Македонија“ го „присвојува грчкото име, како и историјата на античкото грчко Кралство Македонија“. Во текстот се додава и дека во изминатите две години, Бугарија, исто така, ја блокираше кандидатурата на земјата за ЕУ, барајќи уште еднаш да се измени нејзиниот Устав „за да се признае бугарското малцинство“.

- Договорот од Преспа го потпиша тогашната Влада, предводена од социјалистичката партија СДСМ. Спротивно на тоа, националистичката ВМРО, на која и припаѓа Сиљановска-Давкова, отсекогаш го исфрлаше договорот. Во текот на неговата кампања за минатонеделните парламентарни избори, лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски, ја обвини СДСМ дека направила понижувачки компромиси за решавање на споровите со соседите и продолжи да ја нарекува земјата „Македонија“ и покрај договорот од Преспа, наведува „Политико“, пренесувајќи изјава на Мицкоски дека за него „Македонија е и ќе остане Македонија“.

Според порталот, враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт по седум години, откако извојува „големи победи на парламентарните и претседателските избори минатата недела“, се очекува дополнително да ги комплицира односите и со Грција и со Бугарија, како и пристапот на земјата во ЕУ.

- Иако ВМРО го поддржува членството во ЕУ, вели дека нема да се согласи со уставните промени што ги бара Бугарија, предуслов за пристапување на земјата во блокот, додава „Политико“.

Порталот пренесува и реакција на грчката левичарска опозициска партија Сириза, која „го осуди употребата на терминот Македонија од страна на Сиљановска-Давкова“ и ја повика Владата на Грција „да се откаже од овој пасивен став“ и да ги мобилизира „сите расположливи дипломатски средства на меѓународно и европско ниво“, со цел „со строгост“ да се побара де не се употребуваат термини или преземаат дејствија „од страна на новата претседателка и членовите на новата влада на Северна Македонија со кои се прекршува Договорот од Преспа“.

За брзо возење казнети 553 возачи

Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 553 возачи.

Од нив, како што информираат денеска од МВР, 38 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 327 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелирааат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонесе за побезбедни патишта.

Групацијата Емирати објави рекордна добивка од 5,1 милијарди долари, што е раст од 71 отсто

Групацијата Емирати, со седиште во Дубаи и сопственик на најголемата истоимена авиокомпанија од Блискиот Исток, денеска објави рекордна годишна нето добивка од 5,1 милијарди долари, што е зголемување за 71 отсто во однос на претходната фискална год.

Групацијата Емирати, со седиште во Дубаи и сопственик на најголемата истоимена авиокомпанија од Блискиот Исток, денеска објави рекордна годишна нето добивка од 5,1 милијарди долари, што е зголемување за 71 отсто во однос на претходната фискална година.

Во фискалната 2023-2024 г. во годината што заврши на крајот на март, групата покажа нови рекордни резултати, наведе извршниот директор Шеик Ахмед бин Саед Ал Махтум во соопштението.

Тој ја нагласи големата побарувачка за авиопревоз и услуги поврзани со патувањето во светот. Групацијата Емирати е во сопственост на владата на Дубаи.

Самата авиокомпанија „Емирати“ имаше профит од 4,7 милијарди долари, што е раст од 63 отсто на годишна основа. Групацијата Емирати ја поседува и Дната, компанија која обезбедува услуги на аеродромот во Дубаи, еден од најпрометните аеродроми во светот, како и компании за храна, пијалоци и забава.

Авиокомпанијата „Емирати“ превезе 51,9 милиони патници во изминатата фискална година во споредба со 43,6 милиони во претходната година.

притисни ентер