Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен

Топлотен бран зафати делови од северозападна Индија, а главниот град Њу Делхи е ставен во состојба на готовност поради опасно топло време.

Температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен Целзиусов, а блиските држави Пенџаб, Харајана и Раџастан исто така забележаа пораст на температурата што се очекува да се задржи во следните неколку дена.

Индискиот метеоролошки оддел ги предупреди луѓето да не излегуваат на Сонце во попладневните часови, да пијат многу вода и да носат соодветна облека. На ранливите лица, особено на постарите, им е препорачано да не излегуваат надвор.

Во април, мај и јуни секогаш има високи температури во поголемиот дел од Индија, но жештините станаа поинтензивни во текот на изминатата деценија./МИА

Белингем: Отсекогаш сонував да играм на вакви натпревари

Фудбалерот на Реал Мадрид - Џуд Белингем, ја прокоментира победата на неговиот клуб Реал Мадрид против Борусија Дортмунд со 2:0 во финалето на Лигата на шампионите.

Ова беше прва сезона за Британецот со „кралевите“ и дефинитивно се радуваше на овој голем успех.

-Отсекогаш сонував да играм на вакви натпревари. Ваквите натпревари потсетуваат дека се е можно. Навистина, ова што го постигнавме денес е нешто големо. Навистина не можам да го опишам со зборови. Го загубивме само Копа дел Реј, но не можев да сонувам за подобра сезона. Апсолутно сите беа совршени, изјави Англичанецот.

Фудбалерот на „лос бланкос“ сепак додаде дека победата не дошла на најлесен начин.

-Морам да бидам искрен - тие беа подобриот тим во првото полувреме. Можеа да водат со два или три гола разлика. Но, само со нашиот карактер можевме да се вратиме, додаде Белингем.

Тедрос: Членките на СЗО до 2025 година ќе склучат глобален договор за пандемиите

 Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемиите ќе бидат завршени до 2025 година или порано, доколку тоа биде можно, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Договорот, што треба да ја подобри соработката пред и за време на пандемиите, по признаените неуспеси за време на пандемијата на Ковид-19, цели две години го преговараа 194 земји-членки на СЗО.

Организацијата првично имаше намера да постигне договор оваа недела, но разговорите беа одложени поради длабоките поделби меѓу богатите и посиромашните земји околу прашања како што се споделувањето вакцини и подготвеноста.

Но, земјите успеаја да се договорат за паралелен договор со кој се ажурираат постојните законски обврзувачки здравствени правила, познати како Меѓународни здравствени регулативи (IHR), кои вклучуваат нова категорија на „пандемични итни случаи“ за најважните и глобално загрозувачки здравствени кризи.

-Историските одлуки донесени денес ја покажуваат заедничката желба на земјите-членки да го заштитат своето и светското население од заедничкиот ризик од кризи во јавното здравје и идни пандемии, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Промените на глобалните здравствени правила се насочени кон зајакнување на светската одбрана од новите патогени откако Ковид-19 уби повеќе од седум милиони луѓе, според податоците на СЗО.

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад се кандидира за претседателските избори

Тврдокорниот поранешен претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, се кандидира на претстојните предвремени претседателски избори во Исламската Република, свикани по смртта на Ебрахим Раиси.

Тврдокорниот поранешен претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, се кандидира на претстојните предвремени претседателски избори во Исламската Република, свикани по смртта на Ебрахим Раиси, која загина во хеликоптерска несреќа, јави државната телевизија, цитирана од британските медиуми.

Покрај Ахмадинеџад, за претстојните вонредни претседателски избори се пријавија и поранешниот претседател на иранското Собрание. Али Лариџани, како и Абдолнасер Хемати, поранешен гувернер на иранската Централна банка. За првпат за оваа функција се пријави и една жена - Зохре Елахиџан, која изјави дека, доколку биде избрана, мотото на нејзината влада ќе биде „Здрава влада, здрава економија, здраво општество“

Советот на чувари на Уставот предводен од свештеници ќе ги провери кандидатите и на 11 јуни ќе објави список со имињата на оние на кои им е дозволено да се кандидираат за гласање.

притисни ентер