Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за стратешко партнерство

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и српскиот претседател денес потпишаа заедничка „заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, јави дописникот на МИА од Белград.

-Кога станува збор за оваа нова почетна точка, односите меѓу Кина и Србија навистина сакаат да имаат уште посветла иднина, ние сме подготвени да работиме со Србија, да го продолжиме духот на нашето челично пријателство, да се посветиме на нашето пријателство и да го изедначиме. Подобро ќе работиме заедно со Србија, за да ги браниме нашите фундаментални и долгорочни интереси, а кога станува збор за различни меѓународни случувања, сакаме да ја изградиме таа заедница со заедничка иднина, а тоа е дел од нашите напори да придонесеме кон заедницата за заедничка иднина на целото човештво, кажа Си пред потпишувањето на оваа заедничка изјава.

Владите на Србија и Кина потпишаа 29 договори и меморандуми за соработка меѓу двете земји.

Ново детско катче и простор за одмор на ул. "Ѓорѓи Димитров"

Прекрасниот неделен сончев ден го искористија децата кои живеат во непосредна близина на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”. 

Во голем број излегоа да уживаат на новото детско катче и новиот терен за мал фудбал. Просторот е надополнет со урбана опрема и зеленило, така што претставува нова локација за одмор и дружење и за повозрасните.

-Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за мал фудбал со вештачка трева на улица ,,Ѓорѓи Димитров”. Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече, добиваат ново детско катче и терен за фудбал, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема која ја нуди ова место.Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво овој парк. Мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива реконструирано катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Мундо Депортиво: Во понеделник ќе се решава судбината на Чави во Барселона

Раководството на Барселона утре ќе одлучи за иднината на тренерот на тимот Чави, пишува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски весник, 44-годишниот фудбалски стручњак ќе се сретне со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Се наведува дека средбата може да има каков било исход.

Чави во јануари најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона. Во април тој објави дека се премислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Подоцна, се појави информација дека Барселона не е задоволна од јавните коментари на Чави за финансиските проблеми на клубот.

По 36 одиграни кола, Барселона (79 бодови) е на второто место во шпанската Ла Лига. /МИА

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

 Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

притисни ентер