Сменет е украински министер и заменикот на премиерот

Украинскиот парламент денеска донесе одлука за разрешување на двајца високи функционери кои имаа клучни ресори за воената економија, вицепремиерот за инфраструктура и министерот за земјоделство.

Мнозинството од 272 пратеници гласаа за смена на вицепремиерот Олександар Кубраков, кој ја надгледуваше програмата за реконструкција и се залагаше за напорите за обновување на водните патишта на Црното Море за време на де факто руската блокада.

Кубраков на Фејсбук соопшти дека за него не се разговарало однапред за разрешувањето и дека не му била дадена можност да го одбрани мандатот на пратеничка презентација.

Претставниците ја прифатија и оставката на министерот за земјоделство Микола Солски, против кого се води истрага за наводна вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште, но 44-годишникот ги негира обвинувањата.

Владата сега има пет празни министерски места, рече Олексеј Хончаренко, претставник од опозициската партија Европска солидарност.

Во актуелната влада има повеќе од 20 министерски ресори.

Со оглед на тоа што овој месец му завршува петгодишниот мандат на Зеленски, а поради војната не се закажани избори, некои политичари го повикаа наместо тоа да формира влада на национално единство.

Реконструирана училишната спортска сала вп ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Општина Ѓорче Петров

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи

Долж Повардарието утре ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. 

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град.

Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Утринската температута ќе се движи од осум до 15, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени.

Теретана на отворено за прв пат во општина Илинден

Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино, соопшти Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакнал дека во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес справи.

-Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, се наведува во соопштението.

притисни ентер