Терзиќ се надева на прекинување на црната серија против Баерн Минхен

Борусија Дортмунд сака да ја прекине лошата серија од 9 последователни порази против Баерн Минхен во Бундеслигата кога тимот викендов ќе гостува на „Алијанц Арената“.

-Време е. Наша цел е да одиме во Минхен и конечно да заминеме како победници, изјави тренерот на тимот Един Терзиќ.

„Жолто-црните примија 37 гола на тие 9 натпревари и немаат победа во првенството од 2018 година, а есента загубија на домашен терен со 0:4.

-Влегуваме во последниот и највозбудлив дел од сезоната. Подготвени сме да покажеме дека сме способни за се за да ги оствариме нашите цели, додаде Терзиќ.

Иако Баерн, кој 11 пати по ред е шампион во Германија, нема најдобра сезона, „против нас секогаш го покажуваат најдоброто“, истакна тренерот на Борусија.

Екипата на Дортмунд за утрешниот меч ќе биде без суспендираниот играч за врска Марсел Забицер, повредениот бек Рами Бенсебаини и голманот Грегор Кобел кој има стомачен вирус. /МИА

ЗНАМ: Најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите

Знам дека најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите.

Една од најголемите предизвици со кои се соочуваме е состојбата на здравствениот систем во нашата земја. Официјалната статистика открива дека имаме само 270 лекари на 100,000 жители, што е за 22% под просекот на Европската Унија. Исто така, последните десет години губиме околу двеста лекари годишно, што е приближно ист на бројот на студенти кои завршуваат медицински факултети. Ова е сериозен проблем кој бара нашата веднашна реакција и акција.

Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем. Најпрво, ние ќе работиме на зголемување на бројот на лекари, со фокус на инвестирање во образованието и обука на нови лекари, како и со создавање на услови за задржување на постоечките. Исто така, ние ќе се обидеме да ги поттикнеме младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука.

Конкретни мерки од нашата програма се

-Зголемување на платите на докторите за 20 проценти

-Зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти

-Бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата

-Креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти

-Еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор.

-Подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија. Освен тоа, ќе се фокусираме на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области. Ја Споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование.

ЗНАМ - Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа во ИЕ 2

Гир: Се надевам дека и кампањата за вториот круг ќе мине во мирна и демократска атмосфера

Евроамбасадорот Дејвид Гир очекува мирната и демократска атмосфера да се преслика и за време на кампањата од вториот круг на претседателските и парламентарните избори.

Маричиќ: 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим

Денеска се сеќаваме на крвавиот четврток во Собранието кога во организација на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена.

„Денеска се сеќаваме на крвавиот четврток во Собранието кога во организација на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена, без најмало чувство за одговорност и за последиците од нивните мрачни амбиции“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Маричиќ нагласува дека „за да го реализираат нивниот монструозен план насилниците беа подготвени и за ликвидации.

„Токму нив, Гордана Силјановска Давкова планира да ги амнестира“, посочува во видеопораката Маричиќ.

Наспроти тоа, потенцира Маричиќ, „ние не дозволивме да бидат погазени слободата и демократијата и не дозволивме омразата и насилството да поттикнат братоубиствена и меѓуетничка војна. Со разум и присебност на мнозинството од пратениците, храбро спречивме безумието да заврши со трагични последици“.

„Додека партијата со автократско лице повторно се заканува да поведе нов режим, СДСМ ги презеде државничките чекори да ја стави земјата во редот на слободните и напредни демократии. Така, за само неколку години, во ова Собрание, од крвави сцени и обиди за ликвидации на избраниците на народот, стигнавме до гордо кревање на македонското знаме и знамето на НАТО“, истакнува Бојан Маричиќ по повод годишнината од крвавите настани на 27 април 2017 година во Собранието.

Маричиќ порача „нема откажување – продолжуваме одговорно“.

„Тука сме во заштита на прогресивните македонски граѓани кои својата иднина ја гледаат во земја со европска демократија и европска иднина. 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Бојан Маричиќ, Секретар за меѓународна соработка и кандидат за пратеник од ИЕ1

СДСМ

притисни ентер