Трајковски: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени,друго надвор,не може да му се верува

Уште еднаш се потврдува дека Христијан Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго зборува надвор.

Пратеникот во германскиот Бундестаг, Питер Бајер, вчера изјави дека знае со сигурност дека ДПМНЕ сака измени на Уставот.

А Мицкоски пак зборува сосема спротивно од ова пред македонските граѓани.

Не само Мицкоски туку и целото ДПМНЕ, заедно со Николовски јавно велат дека се против уставните измени.

ДПМНЕ е единствена партија која ги блокира уставните измени и членството во ЕУ во македонското собрание.

Едно кажува Мицкоски пред македонските граѓани, друго кажува надвор во Европа и нема став за клучните прашања.

На Мицкоски воопшто не може да му се верува, рече Горан Трајковски, член на ЦО на СДСМ.

За прв пат по 20 години, второто коло од НБА плејофот ќе помине без Леброн, Кари и Дурант

За прв пат по две децении, второто коло од плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот ќе помине без водечките играчи во последните години Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент.

Лејкерс на Џејмс и Феникс на Дурент испаднаа во првото коло.

Голден Стејт на Кари не успеа да се пласира во плејофот, губејќи во првиот плејин натпревар.

Пласман во плејофот досега изборија Оклахома Сити тандерс, Денвер нагетс и Минесота тимбервулвс.

Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Дневната температура од четврток ќе биде во постепено опаѓање.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен

правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Времето во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи до 26 степени.

Корисниците на „Apple“ се бесни: Не можат да пристапат до нивните сметки

Фрустрираните корисници пријавија дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ и од нив се бара да ги променат лозинките.

„Apple ID“ имаше проблеми изминатиот викенд. Како што известува „9to5Mac“, корисниците на „Apple“ почнаа да се жалат на интернет дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ од сите нивни уреди, без објаснување.

Откако се обидоа да се логираат на нивниот профил, некои беа целосно заклучени, и покрај внесувањето на точните информации, и мораа да ги ресетираат лозинките.

„Apple“ допрва треба да даде официјална изјава за проблемот, а страницата за статус на системот на компанијата не споменува никакви проблеми со „Apple ID“ или други системи.

Не е познато колку корисници се погодени од овој проблем, а голем број од нив се пожалија на социјалните мрежи.

Извор: Б92

притисни ентер