Трик на Џејми Оливер за сочно пилешко!

Како печеното пилешко да не ви биде премногу суво...

При печење, месото најчесто е суво, но познатиот готвач има таен адут.

Секој сака печено пилешко, а кога станува збор за месо, колку е посочно, толку подобро. Пилешкото најчесто за време на печењето се суши и тешко е да се врати неговата сочност. Превареното и суво пилешко може да го расипе уживањето во оброкот, но благодарение на тајниот трик на славниот готвач Џејми Оливер, тоа не мора да биде така.

Пилешките делови треба да се посолат и набиберат, а по можност да се додаде и една лажичка семе од анасон. Тавата ставете ја на средно висока температура и додајте 50 гр путер. Во тавата додајте ги пилешките крилца и батаци сосе кожата и пржете ги околу три и пол минути или додека не поруменат, повремено превртувајќи ги. Кога путерот ќе потемни, време е да го префрлите пилешкото во чинија, а маслото и путерот што останале во тавата, истурете ги.

- После ова имате вкусни „лепливи“ парчиња на дното од тавата, кои подоцна ќе ви дадат прекрасен вкус на карамела - објаснува Џејми.

Вратете го пилешкото во тавата и додајте уште 50 грама путер и повторете го процесот, вртете го пилешкото уште три и пол минути или додека путерот повторно не стане темно кафеав. Додадете го белото месо и уште 50 гр путер. Додајте чешне лук додека не порумени, и сето тоа повремено превртувајте го. Земете кромид, излупете го и преполовете го, а потоа додајте го во тавата. Стебленцата анасон ситно исечкајте ги се до главицата, а потоа исечкајте листови, преполовете ја главицата и додајте ја во тавата. „Лепливите делови“ од дното на тавата соберете ги на купче, направете длабнатина и дадајте ги останатите 50 г путер во средината.

Додајте крупни парчиња лимонова кора во путерот, а потоа и голема шака листови жалфија и стапче цимет. Пржете сè заедно неколку минути или додека зеленчукот не омекне, повремено мешајќи ја содржината во тавата.

- Сега доаѓа магичниот дел за зачувување на сочноста на пилешкото! Истурете околу еден литар млеко, бидејќи половина од пилешкото треба да биде потопено, и извадете ги „лепливите“ делови од тавата пред да исцедите сок од лимон. Кората од лимонот ќе го раздвои млекото, создавајќи апсолутно фантастичен сок – истакнал Оливер, а за тоа пишувал Мирор.

Потоа намалете ја температурата, покријте ја тавата со хартија за печење и динстајте го вкусното пилешко 50-тина минути. Во последните 20 минути пробајте го и проверете го зачинот и извадете го стапчето цимет. За да послужите вкусно сочно пилешко месо, одделете го месото од коските и поделете го во чинии. Прелијте со сосот и уживајте. Исто така, Џејми предлага доколку сте во можност, пилешкото да го печете на скара.

Стојаноска: Оваа власт заминува во неславната македонска историја

Оваа власт заминува во неславната македонска историја, а Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе ја направат Македонија повторно горда и повторно твоја.

Денес од Пештер, општина Јегуновце го упатувам последниот повик до сите граѓани на Република Македонија на коишто оваа влада им преседна со криминал и корупција, предавства, лошо образование, неквалитетно здравство, ниски плати и пензии, задутре да ја испратат во минатото и да остане запишана во неславната македонска историја.

Задутре гласајте за бројот 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова, за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Тоа се луѓето кои Македонија ќе ја направат повторно горда и повторно твоја.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

притисни ентер