Украинци со проектил погодиле руски тенк, оддалечен над 1,5 километри (ВИДЕО)

По неколку месеци застој од страна на републиканците, американскиот Конгрес конечно одобри 61 милијарда долари помош за Украина на 23 април.

Претседателот Џо Бајден го потпиша новиот закон следниот ден, а само неколку часа подоцна Пентагон објави пакет со многу потребна муниција и возила во вредност од над милијарда долари за Украинците.

Пакетот содржел и непознат број борбени возила за пешадија М-2 Бредли. Единствената украинска единица што ги користи е 47-та механизирана бригада, која се бореше во очајни одбранбени операции против многу поголемите руски сили западно од урнатините на Авдиивка во источна Украина, пишува Форбс.

Со свежа муниција и нови возила, бригадата ја забави руската офанзива, а една драматична битка, фатена од воздух од украинско беспилотно летало, покажува како.

Вчеравечер, стрелецот на возилото М-2 забележал руски тенк Т-80 на растојание од еден и пол километар, источно од селото Новопокровске. Војниците од М-2 истрелале само еден противтенковски проектил TOW. „Бредли, уништувачот на тенкови“, се пофали украинското Министерство за одбрана.

Тоа беше еден од најдалечните директни погодоци за уништување тенк во целата војна, но ова веројатно не е изненадување за љубителите на легендарниот Бредли, главното возило на американската армија од 80-тите години на минатиот век. „Бред... не е тенк, но може да биде убиец на тенкови“, објасни Марк Хертлинг, пензиониран генерал на американската армија.

Бредли тежок 33 тони може да собере 10 војници и можеби е најдоброто борбено возило во целата војна во Украина. Неговата примарна мисија е да ги транспортира војниците во борба, а потоа тие самите се приклучуваат на битката, гаѓајќи ги руските војници и возила со прецизна артилерија од топовите од 25 мм.

М-2 е многу полесен од конвенционалниот тенк, главно поради тоа што неговиот оклоп е многу потенок од оној на тенкот. Во блиска борба со руски тенк, ова возило може да не опстане долго. Во борбата со долг дострел, сепак, има предност, особено ноќе кога неговите супериорни инфрацрвени камери му помагаат на екипажот да го види тенкот пред тенкот да го види возилото.

Пентагон очекувал украинската војска да го цени тој огромен потенцијал. „Бредли конкретно има завидна способност што работи против какви било способности што Русија ги користи против Украина“, рече Лаура Купер, заменик-помошник-секретар за одбрана на САД, минатата година откако САД ги ветија првите испораки на возила М-2 во Украина – две од вкупно сто од нив.

И навистина, помеѓу мисиите за поддршка на пешадијата, 47-та механизирана бригада испраќа возила М-2 во лов на тенкови. Во една битка на југот на земјата минатото лето, еден екипаж на Бредли наводно уништил два руски тенкови Т-72.

Украинската 47 механизирана бригада непрекинато се бори веќе една година, што нанесе штета на баталјоните со помош на М-2. Аналитичарите на разузнавачкиот колектив со отворен код Oryx изброиле 37 уништени Бредли и десетици други оштетени. Во минатомесечните борби западно од Авдиивка, бригадата почнала да останува без возила.

Ова се менува, бидејќи доаѓаат нови. Треба да се очекува дека новите возила М-2 ќе се појават во битките против руските тенкови додека 47-та механизирана бригада работи на стабилизирање на линијата на фронтот. „Ние продолжуваме со работата!“ велат од бригадата.

Во протестите во Иран ја убиле мајка ѝ – сега со музика и ја прославува смртта на имамот(ВИДЕО)

После веста за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, на социјалната мрежа Х, порано Твитер, се појави снимка од Маша Пираи, ќерка на Мина Маџиди, која била убиена од иранскиот режим за време на протест.

Оваа млада девојка на својот профил сподели видео во кое пие и наздравува со својата пријателка под звуците на песната „Хеликоптер, хеликоптер“ на босанскиот пејач Фадил Фазли.

Видеото беше објавено вчера набргу по веста дека медиумите објавија дека хеликоптерот со иранскиот претседател имал проблеми со слетувањето поради густата магла и тешките временски услови.

Да потсетиме, утрово беше потврдено дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси загинал во хеликоптерска несреќа.

Мина Маџиди (62) била убиена од безбедносните сили на Исламската Република на 20 септември за време на протестот во Керманшах. Нејзината ќерка тврди дека била погодена од воздушна муниција и била погодена со 167 куршуми. Мина починала на пат кон болница.

Јанчев доби извинување од кавадарчанецот, кој беше приведен поради закани кон него

Кавадарчанецот кој синоќа во локал му се закануваше на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска во неговиот кабинет и лично му се извини дека се било последица на лошо пијанство во комбинација со лекарствата кои ги пиел. 

Кавадарчанецот кој е на возраст од 35 години синоќа од полицијата бил лишен од слобода, заради агресивното однесување и заканите кон градоначалникот Јанчев. Тој откако го здогледал автомоилот на граодначалникот влегов во угостителскиот објект скршил чаша, почнал да удира по масата и да го навредува и да му се заканува на градоначалникот. За целиот тој случај тој денеска со длабоко жалење прво на телефон а потоа и во кабинетот дошол да се извини.

Градоначалникот Јанчев го примил во својот кабинет на разговор како што вели за преку дијалог да видат во што е проблемот и дали може некако да му помогне.

Јанчев појасни дека е неприфатливо агресивното однесување кога за сите кои имаат било какви проблеми вратите на неговиот кабинет како градоначалник се во секое време отворени а и на улица било кој и да му се обрати ќе се најде време да го сослуша бидејќи функцијата која ја извршувува е во служба на граѓаните.

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди

Човештвото мора да даде поголемо значење и почит на пчелите кои се најважниот единствен вид опрашувач во светот, обезбедувајќи растителна храна на луѓето и голем број животни.

Ова е ставот на експерти од Земјоделскиот факултет и производители на мед, по повод Меѓународниот ден на пчелата, 20-ти мај. Тие апелираат – земјоделците да не користат забранети препарати при прскање на своите насади, бидејќи со тоа сериозно го загрозуваат опстанокот на пчелите.

Дополнителен проблем за пчелите, но и целокупното производство на мед, според производителите, се и климатските промени.

Дека климатските промени се најголем непријател на пчелите покажувааат податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според нив, во 2022 година во земјава имало 290.879 пчелни семејства, за седум отсто помалку во споредба со 2021 година. Кога станува збор за производството, во 2018 година биле произведени околу 560 тони мед, а во 2021 година само 140 тони мед.

Инаку, пчелите работнички живеат до 40 дена и за тој период произведуваат една лажица мед. За луѓето една лажица мед, а за пчелата цел живот.

притисни ентер