Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Ја сакате ли воопшто титула?

По елиминацијата од Аталанта во четвртфиналето на Лига Европа, избраниците на Јирген Клоп загубија чекор зад Арсенал и Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата на четири кола пред крајот. 

Од можни четири трофеи веројатно ќе завршат само со еден во англискиот Лига куп.

Арсенал има три бода предност, Сити има два меча помалку, но и бод помалку од Ливерпул и сите на Островот, вклучувајќи го и Јирген Клоп, им е јасно дека ништо не зависи од нив.

Капитенот Вирџил Ван Дијк не го криеше разочарувањето во тимот и соиграчите.

„Дали тие навистина сакаат да ја освојат титулата? Ако играте ваков натпревар, не добивате ниту еден дуел тогаш немаме шанси да ја освоиме титулата. Многу сум разочаран, секој мора да се погледне во огледало и да го погледне својот настап против Евертон и да размисли дали дал се од себе. Очигледно е дека мора да играме подобро против екипи кои се борат за опстанок. Ако играме како против Евертон, немаме шанси да се сметаме за кандидат за титулата, изјави капитенот на Ливерпул. /МИА

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

притисни ентер