Организаторот на најдобар можен начин се погрижи да ги претстави 24-те земји учеснички, преку боите на знамињата, кои синоќа ја осветлуваа Триумфалната капија, глетка што привлече огромно внимание кај парижани, но и кај многубројните туристи. 

Македонија која на ова Светско првенство е предводена од селекторот Лино Червар стартува утре против Тунис, а потоа следат пресметките против Ангола, Словенија, Шпанија и против Исланд на 19 јануари. 

Црвено-жолтите од вчера се во градот Мец, каде што ќе ги играат натпреварите во групата. Македонската репрезентација е спој на младост и искуство, а селекторот Червар одлучи во Франција да поведе дури седум дебитанти, во замена на искусните Борко Ристовски, Ацо Јововски, Немања Прибак.  Најдобар пласман во досегашните учества на мундијалите, македонските репрезентативци изборија во Катар 2015 година кога беа деветти. Ракометниот мундијал почнува вечерва со мечот меѓу домаќинот и бранител на титулата Франција И Бразил.







Мундијалот ќе започне денеска и ќе се игра до 29 јануари.

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 09:37
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:29

коментари

остави коментар