Секако ова е драстична промена на мегаполуларната пејачка, ако се земе во предвид фактот дека долги години ја негува темната боја на коса.
Фотката со русокосата Никол која пејачката ја објави на социјалните мрежи наиде на различни коментари кај нејзините фанови.

Под фотографијата на која Никол најверојатно носи перика , пејачката напиша:
-Да видиме дали русокосите се забавуваат подобро?

Инаку 39 годишната Никол која е во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, неодамна  изјави дека сака да се смири и да основа семејство, но пред тоа сака уште малку да работи на својата музичка и акетрска кариера.

-Сакам да  работам на повеќе филмови и претстави, а потоа за пет години ќе имам семејство, изјави Никол за „ The Sun“.

Атрактивната Никол воедно истакна дека идоли во кариерата и приватниот живот и се Џенифер Лопез, Бет Мидлер и Сејд. 

Датум на објава: среда, 30 август 2017 во 11:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар