Од двете министерства најавија дека во фокусот на разговорите се прашањата од билатерален интерес како и натамошното зајакнување на мерките за градење на доверба. Нејасно е засега зошто и Скопје и Атина до последен момент го држат во тајност местото на средбата, која според грчките медиуми извесно е дека се одржува   во Солун.

Од Мнр најавија повеќе детали по завршување на средбата, која сепак доаѓа во период на подигнати очекувања како во Скопје така и во Атина за подготвеноста и од двете страни во наредните неколку месеци да се стави крај на спорот, кој ги блокира македонските интегративни процеси. Средбата Димитров, Коѕиас доаѓа само два дена по средбата што во Атина ја имаше вицепремиерот Бујар Османи со грчкиот министер Kоѕиас.

Во интервју за грчката антена Османи најави дека  е време да се затвори спорот  за името и оти е  извесно дека може да се стигне до прифатливо решение и за двете страни.

Османи изјави дека ја  пренел пораката за посветеноста на владата на  изнаоѓање решение.

Во меѓувреме и Скопје и Атина ги негираа медиумските написи за „Нова Македонија“ како можно решение на спорот, додавајќи дека сеуште не е стигнато до фазата да се разговара за конкретни предлози.

Сепак, извесно е дека на средбата во Њујорк и Скопје и Атина на маса пред медијаторот ќе понудат свои предлози. Нимиц најави зачестена динамика на средбите , што е дел од најавите дека до јунскиот совет на ЕУ  двете земји би дошле до можниот компромис, отворајќи ги пред себе месеците на суштински разговори за билатералниот спор.


Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 14:25
Елизабета Галевска
Обновено во: 15:10

коментари

остави коментар