Интернетот никогаш во потполност не ќе ја замени таканаречената жива, непосредна, комуникација на политичарите со граѓанинот, од кого очекуваат да им дадат легитимитет за место во законодавниот државен дом, или, извршување на една од највисоките државни раководни функции. Иако во овој и претходните два изборни циклуси, модерната телекомуникациска технологија со можноста јавно преставување на политички субјект да се следи и од дома, за познатиот политиколог и редовен професор на руската Академија за мегународни односи и политика, Димитар Селцер, тет а тет сребите се незаменливи.

- Длабоко сум убеден, дека и покрај највисокиот технолошки дострел во комуникациите, интернетот никогаш не ке може да ја замени живата комуникација на релација политичар-граганин. Иако, интернетот недвосмислено дава огромна предност во вид на заштеда во време за остварување на комуникацијата, сепак блиските непосредни средби се тие најважните кои влијаат во одлуката граганинот да ја даде на гласачкото место. Затоа, во Русија, политичките парии ја практикуваат формата од врата до врата, каде во директна средба со граганите ги убедуваат во нивните намери за подобро место во руското политичко миље, смета проф. д-р Димитар Селцер – редовен професор на Академија за мегународни односи и политика – Русија.

Во основа, за рускиот политиколог, митинзите како форма на општење на политичарите и електоратот, секаде низ светот, а со тоа и во Македонија се исти, но организациона структура, во секоја држава им е различена.

- Постојат два основни постулати за митинзите. Митинзи каде лугето одат со цел навистина да ги слушнат што политичарите имаат да кажат и какви пораки да им пренесат, но од партиите се практикува и формата, на вакви форми на комуникација со електоратот, да се носат свои партиски членови, кои ке дадат лажна слика дека наводно тоа се обични грагани. Оваа форма е најизразена во државите со еднопартиски систем, оцени Селцер.

По  утрешниот изборен ден, ќе ја дадам мојата оценка за овој изборен процес во Македонија, оцени денеска професорот, најавувајќи го завршувањето на своето неколку годишно истражување во вид на споредбена Анализа на досегашните изборни циклуси помегу Македонија и Русија. Селцер е еден од 140 научни дејци од пет европски земји, кои презентираат 121 труд од три области, Политикологија, економија и психологија, на петтата научна конференција Исток-Запад што се оддржува викендов на Славјанскиот универзитет во Свети Николе.

Датум на објава: сабота, 26 април 2014 во 14:32
Дејан Ефремов
Обновено во: 15:17

коментари

остави коментар