Вилијам и Кејт објавија досега невидена фотографија

Принцот Вилијам и принцезата од Велс Кејт синоќа прославија 13 години брак, а по тој повод објавија досега невидена црно-бела свадбена фотографија. 

На фотографијата Кејт ја носи познатата венчаница на Александар Меквин, дизајнирана од Сара Бартон, а Вилијам е во униформа на ирската гарда, пренесува Sky News. Кралската двојка се венча во Вестминстерската опатија на 29 април 2011 година и има три деца, Џорџ, Шарлот и Луис.

Вилијам и Кејт се запознале додека студирале на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска и биле заедно околу 20 години. Минатиот месец принцезата од Велс објави дека се лекува од рак и му се заблагодари на сопругот за поддршката што и ја пружал во „многу тешките месеци за нашето семејство“, потсетува Танјуг.

Уште не се родил, а веќе вози автомобил - полските полицајци не можеле да поверуваат (ВИДЕО)

За време на рутинска сообраќајна контрола во полскиот град Гарволин, полицајци запреле 21-годишен возач на Шкода, по потекло од Непал.

На младиот човек му била побарана возачка дозвола, а потоа настанал метеж.

Имено, полициските службеници го погледнале документот и помислиле дека е фалсификат. Необичниот случај се случил на 14 мај во вечерните часови, пренесува tvn24.pl.

„Во возачката дозвола пишуваше дека е роден на 24 октомври 2059 година. Недостасуваа водени жигови, додека хартијата беше нерамномерно исечена. Немаше потпис од органот што ја издал дозволата“, соопштија надлежните.

Во Непал, од каде што потекнува младиот возач, официјално се користи календарот Бикрам Самбат, според кој сега годината е 2081 година.

Во овој случај, датумот на раѓање (2059) би се совпаднал. Сепак, во документот има и други датуми: издавање - 31 март 2023 година и датум на истекување - 30 март 2028 година.

Возачката дозвола е одземена, а автомобилот е предаден на овластено лице. Против 21-годишникот е поведена постапка за можно фалсификување.

Израелската војска пронашла тела на тројца заложници- меѓу нив и останките на Шани Лук

Израелската армија пронашла тела на тројца заложници во Појасот Газа, соопшти денеска портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари.

Хагари рече дека тоа се Јицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук, пишува Тајмс оф Израел.

Хагари вели дека телата биле пронајдени во операција во текот на ноќта на армијата и Шин Бет.

Тројцата биле на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на Реим утрото на 7 октомври, каде потоа побегнале во областа Мефалсим.

Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.

Уапсен е најдобриот голфер на светот, спортската јавност во шок (ВИДЕО)

Најдобриот голфер на светот Скоти Шефлер утрово е уапсен, објавија светските медиуми!

Шефлер е приведен од полицијата пред голф клубот Валхала, а се уште нема повеќе информации за причините.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се видат полицајците како го водат Шефлер до полициско возило, а потоа го одведуваат.

притисни ентер