Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен кај Вејце

Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од загинатите припадници на безбедносните сили во настаните кај Вејце 2001 година денеска беше откриен во Куманово. Трајковски беше еден од осумте припадници на македонските безбедносни сили кои загинаа на денешен ден 2001 година. Организатор на денешниот настан е здружението „Слобода, искреност, лојалност, акција-СИЛА“ и колегите од единицата „Волци“.

-Во 2001 година се случи еден настан во текот на борбените дејства при одбрана на државата каде што загинаа осум припадници на безбедносните сили, четворица од армијата, од специјалната единица „Волци“ меѓу кои и Трајковски Бобан-Другарчики. Тој учествуваше во таа акција и го даде својот живот за нашата Македонија. За жал, 23 години само за овој човек колку што имам информација барем за оваа случка никој нема направено апсолутно ништо. Јас како негов другар, сосед, претпоставен, бидејќи и јас тогаш бев вработен во „Волци“ како старешина, сега пензионер, си зедов за обврска заедно со единицата „Волци“ да направиме свечена манифестација каде што ќе го обележиме настанот, бидејќи 23 години никој ниту на централно, ниту на локално ниво не успеа да направи нешто, изјави Антонио Станковски, од здружението „СИЛА“.

Муралот го изработија уметниците од „Форма“ кои се сограѓани на кумановецот Трајковски. Од здружението се надеваат дека општината ќе именува улица или друг објект во чест на припадникот на безбедносните сили кој го даде животот за државата.

-Ова можеби е само почеток. Немаме ниедна улица, објект, јавен во градот којшто би требало да го носи неговото име, тука треба општината да донесе одредени одлуки, каде што никој нема да се налути, бидејќи го градиме мултиетничкото општество, но постои начин. Овие луѓе биле во легална институција, законски поставувале, го дале животот и мислам дека никој не треба да се навреди ако има какво било обележје во градот, дали име на школо, улица, објект, итн. Немавме никакви проблеми од граѓаните на зградата, бидејќи требаше да имаме нивна согласност. Тие сите и дуќаните и станарите апсолутно не правеа проблем, рекоа цртајте сè што мислите ако ова е во интерес на државата и на ликот на Бобан Трајковски, кажа Станковски.

На настанот присуствуваа членови на семејството, колеги, припадници на безбедносните сили, кумановци. На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осум припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени. Тој дена беа убиени Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Бројот на загинати во огромните поплави во Бразил се зголеми на 136

Бројот на загинати во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул се искачи на 136, а 125 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Претходно беше соопштено дека во поплавите загинале 126 лица.

Околу 537.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови поради поплавите, пренесува Ројтерс.

Обилните врнежи, поврзани со овогодинешниот силен Ел Нињо, предизвикаа неколку реки и езера во тој дел на Бразил да го достигнат највисокото ниво досега и да се излеат од коритата.

Рама пред илјадници Албанци во Атина потсети на бруталното однесување на Грците кон нив (ВИДЕО)

Премиерот Еди Рама на средбата со албанските имигранти во Грција потсети и на бруталното однесување на Грците кон Албанците.

Рама: Грците и Албанците нека се уверат дека нашите судбини се неразделни. Да се ​​увериме дека одговорите на иднината не можат да се најдат во минатото туку во сегашноста, во судбините на врските на Грците од Албанија со Албанците од Албанија, со Грците од Грција.

Дојдовте во оваа древна лулка на античката грчка цивилизација за да избегате од урнатините на комунистичкиот режим. Се искачивте по планини, спиевте на клупи на улица, излегувавте пред да згасне светлината, да чекате по плоштади, како коњи, во чаршијата на живите, како слуги што ве зедоа за црна работа, ви го здробија грбот. и ви ги раскрвавија рацете со најтешките работи .

Се соочивте со секакви брутални изрази на ароганцијата на богатиот сосед кон сиромашниот сосед. Го доживеавте понижувањето на црните метли од крајот на 20 век кога ноќе беа однесени без облека од нивните домови за да бидат депортирани во Албанија како во нов филм на многу старо време на принудните преселби на нашите предци од нивните домови на северот на Грција. Работевте 2-3 дневни работни места без престан, јадејќи по еден оброк на ден, но го преживеавте понижувањето на црните метли од крајот на 20 век. Многумина од вас ги сменија имињата што ви ги дадоа мајка ви и татко ви.

За да ги земете документите за работа и да ги пријавите децата во училиште, вие Албанците од Грција видовте како детето се дави во солзи затоа што беше најдобар во училиште, но не му беше дадено право на церемонијата на знамето. Вината на детето е што дошло од гнездото на двоглави орли Албанци и не било родено под нивна заштита. Но, еве, вие Грците Албанци никогаш не се откажавте и триумфиравте!

Вие сте крвта и душата на народ кој постои и не го зел ова небо, но ниедна сила и ниеден свет не ги истребил. Чекор по чекор дојдовте во светлината на животот како рамноправни граѓани на оваа земја, со вашите вредности, на трудот, на коректноста, ве пречекаа како да не сте туѓинци во оваа земја.

Го направивте своето место во грчкото општество, ја заслуживте почитта на вашиот сосед и слободното достоинство на една демократска земја. Грција е твоја колку што е и на Грците.“ , им порача Рама на илјадниците Албанци, кои живеат во Грција во својот говор во центарот на Атина, пренесе Топ Ченал.

Трагедија во Италија: Работник загина од ветерна турбина, висока 112 метри

Маж кој работел на изградба на турбина на ветер во сицилијанскиот град Салеми загинал кога паднал од конструкцијата висока 112 метри.

На терен излегле пожарникари и здравствени работници.

Противпожарните екипи со мака го извадиле телото кое при падот запрело на висина од 48 метри, пренесува италијанскиот портал TGCOM24.

Џовани Карпинели (33) бил вработен во неаполската компанија „Ivpc service srl“.

- Уште една смрт на работник во Сицилија. Како да прифатиме дека таткото на семејството ја напушта куќата за да заработи за живот и повеќе не се враќа. Доста е, мора да се гарантира безбедноста и заштитата на работниците, изјави регионалниот секретар на Сицилијанската демократска партија, Ентони Барбагало.

Претходно оваа недела, пет работници загинале во Палермо кога се заглавија во тунел и беа изложени на отровни гасови за време на редовно одржување на канализациониот систем.

притисни ентер