Во Кисела Вода запален службениот автомобилот на директорот на затворот Идризово

На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на КПУЗ Идризово.

Министерсвото за внатрешни работи утрово информира дека денеска околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј.. Од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Дневен хороскоп за 29. мај 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 29.мај 2024 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна.

Кариера

Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна.

Кариера

Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога.

Кариера

Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени.

Здравје и совет

Не се откажувајте од своите идеали.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос.

Кариера

Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите.

Кариера

Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето.

Здравје и совет

Бидете подготвени за акција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи.

Кариера

На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај.

Здравје и совет

Потсетете се на сопствените приоритети.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено.

Кариера

Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор.

Здравје и совет

Ќе бидете креативни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите.

Кариера

Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата.

Здравје и совет

Внимавајте на здравјето.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири.

Кариера

Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате.

Здравје и совет

Сигурен пад на имунитетот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега.

Кариера

Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука.

Здравје и совет

Сакате да престанете со нездрав живот .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања.

Кариера

Иако ги имате сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник.

Здравје и совет

Делувајте паметно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема.

Кариера

Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност.

Здравје и совет

Контролирајте го своето однесување.

Некогаш важеше за убавица, а денес е сосема заборавена и не личи на себе (фото)

Бројните естетски операции и трагите од зависностите се видливи на лицето на познатата актерка.

Многумина се сеќаваат на убавото лице на Мелани Грифит, која пленеше со својата убавина. Таа беше една од омилените актерки, особено по бракот со Антонио Бандерас. Холивудската актерка која летово полни 67 години, неодамна беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес во автомобил. Многумина беа запрепастени од нејзиниот запуштен изглед, а на оваа фотографија е речиси непрепознатлива и не личи на себе.

Актерката се повлече од јавноста наводно поради проблемите кои ги имаше со алкохолот и дрогата, додека пак нејзиниот поранешен сопруг Антонио Бандерас ѝ замерил поради бројните естетски операции кои на крајот целосно ја уништиле.

Приватниот живот на Мелани Грифит никогаш не бил тајна и секогаш го привлекувал вниманието на медиумите. Таа едвај полнолетна се омажи за актерот Дон Џонсон, но бракот траеше само 6 месеци. Пет години по разводот, таа повторно вплови во брачните води, овој пат со актерот Стивен Бауер.

Иако во тој брак го доби синот Александар и овој брак после осум години заврши со развод, а Грифит се оддаде на пороците. Како логичен редослед на несреќните околности што ја снајдоа поради разводот и пороците, таа падна во депресија, а по лечењето му се врати на Дон Џонсон и тие повторно ѝ дадоа шанса на нивната љубов, па во 1989 г. застанаа пред матичар. Од тој брак се роди нивната ќерка, познатата актерка Дакота Џонсон, ѕвезда на филмот „Педесет нијанси сиво“. По неколкуте разделби во нивната врска, тие конечно се разведоа во 1995 година.

Неколку месеци по разводот, во нејзиниот живот влезе актерот Антонио Бандерас, кој тогаш беше оженет, што не го спречи да се одлучи за Мелани, која реши по четврти пат „да рипне во тавче“. Од тој брак ја добија ќерката Стела. Овој брак со актерот Бандерас траеше најдолго, дури 18 години.

Иако се стабилизираше и започна нормален живот, во текот на 2000-тите таа повторно им се врати на зависностите. Кога почна со рехабилитација, во една прилика, за странски медиуми таа изјави дека тоа е „битка без крај, но мора да се биде упорен и да се победи, а за тоа е неопходна голема помош“.

Разводот на познатите актери, по речиси две децении брак, се смета за еден од најскапите разводи и е проценет на 50 милиони долари.

- Причината поради која раскинавме е тоа што заглавив и не можам никого да обвинувам за тоа - признала тогаш Мелани.

Последиците од зависностите и турбулентниот живот денес се видливи на нејзиното лице, за кое многумина велат дека буквално се распаѓа и дека актерката изгледа непрепознатливо.

Ниту таа, како повеќето нејзини колешки, не одолеа на естетската хирургија, па на 40-годишна возраст ја направи првата пластична операција, поради што нејзиниот изглед беше целосно трансформиран. Тоа секако се одрази на нејзината кариера, а не беше поштедена ни од критиките на јавноста.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер