„Амазон“ ќе ја прошири услугата за испорака со дронови на пазарот во Европа

Компанијата „Амазон“ во САД веќе испорачува пакети со помош на дронови, а сега најави проширување и на пазарот во Европа.

Минаа 10 години откако технолошкиот гигант ја објави новата услуга што требаше да го револуционизира пазарот за испорака. Според плановите тогаш, „Прајм ер“ услугата за испорака со беспилотни летала, денес веќе требаше да биде достапна во поголем дел од светот. Сепак, јасно е дека сѐ уште не сме блиску до тоа „летачките испораки“ да станат секојдневие, што не значи дека во некои области испораката со дрон не е достапна. Имено, „Амазон“ во две сојузни американски држави (Калифорнија и Тексас) веќе нуди испорака на намирници со тежина до 2,2 кг., а и компании како „Винг“ на „Гугл“ нудат таква достава во одредени области во САД и Австралија.

„Амазон“ сега ја објави достапноста на услугата и на европскиот пазар - првично, „Прајм ер“ ќе биде достапен во Велика Британија и Италија. Услугата ќе биде можна во ограничени области, а испораката на првите пакети се очекува на крајот на следната година.

Исто така, во „Амазон“ се убедени дека таквиот начин на испорака е „сто пати побезбеден“ во споредба со копнената испорака. Дејвид Карбон, потпретседателот на „Амазон Прајм ер“ пред новинарите нагласи дека има побарувачка за ваков вид услуги во Велика Британија.

- Никогаш не сум слушнал некој да каже дека не сака да добие нешто побрзо. Луѓето кои се во областа каде што ќе биде достапна испораката со дрон ќе може да добијат илјадници предмети со помала големина и тежина, како што се сапун, козметички производи, паста за заби, батерии и слично. Производите ќе бидат испорачани во пакување со големина на кутија за чевли и оставени на местото што клиентите го избираат при правењето нарачка, вели Карбон.

Во САД, за корисниците кои се во опсегот на испораки со беспилотни летала, „Амазон“ прво мора да ја одобри испораката, што зависи од големината на местото каде што дронот ќе ги фрли намирниците. По нарачката, треба да постави ознака за Ку-ар код на местото за испорака, што дронот ја препознава и ги остава пакетите на означеното место. Времето на испорака е само 20 - 30 минути по нарачката. „Амазон“ сѐ уште не го објавува бројот на корисници на својата летачка испорака, но затоа не ги крие амбициите - до крајот на ова десетлетие бројот да достигне 500 милиони годишни испораки на светско ниво. /MИА

Мајка од Њујорк го држела своето 2- годишно дете во кафез, живеело во ѓубре и фекалии (ВИДЕО)

Наеша Лампкин (24) од Њујорк е обвинета дека ја загрозила безбедноста на своето дете (2) оставајќи го затворено во кафез во нивната семејна куќа.

Американската полиција во четвртокот на 16 мај соопшти дека мајката била уапсена откако нејзиниот син бил пронајден во страшни услови, со модринки по целото тело. Подоцна било утврдено дека тој претходно имал скршеници на две поголеми споени ребра, што укажува дека повредите настанале многу порано, пренесе Њујорк Пост.

На испрашувањето, мајката рекла дека момчето ги повредило ребрата кога паднало од скала на крајот на минатата или на почетокот на оваа година, но дека не мислела дека неговите повреди се „страшни“, поради што не го однела на лекар.

За време на лекарската проценка во болницата, медицинскиот персонал потврдил дека двегодишното дете има „модринки по лицето и телото“. Утврдено е и дека детето има две скршени ребра кои се лекуваат, а според нивните проценки, повредата настанала помеѓу десет дена и две недели пред детето да пристигне во болница, соопшти полицијата.

Несреќното момче било откриено откако полицијата на почетокот на годината по друга основа дошла да ја уапси неговата мајка.

Кога пристигнале во куќата за да ја уапсат, го пронашле нејзиниот двегодишен син во посебна спална соба во „импровизиран кафез“ направен од ограда за игра покриен со парче креветче врзано од три страни. Во соопштението за медиумите се наведува дека во кафезот немало доволно простор за детето „да застане или да излезе од кафезот“.

Полицијата сподели фотографија од мал кафез, на кој се гледаат пар сиви креветчиња врзани заедно. Околу кафезот имало расфрлано ѓубре и фекалии, се вели во полицискиот извештај, во кој се додава дека со измет бил извалкан и ѕидот до него.

„Имаше остатоци од храна.“

@faitsdiverstiktok Naesha lumpkin doit être jugée au mois de Juin! mais cela fait polimique car elle va peut être pouvoir récupérer sont enfant de 2 ans! ppfff . #enfants #cage #mere #faitsdivers #crimestories #pourtoi ♬ Disturbing Suspense-Psychological Thriller (with drama)(890116) - CHROMA

Полицијата во пријавата навела дека малото дете и кафезот биле покриени со „човечки измет и урина“.

"Имаше голем број оправдувања зошто детето беше така во тој кафез. Ниту едно од нив не беше со добра причина. Да бидам искрен, ниту едно дете не заслужува да живее така", додал О'Калаган.

Инспекторите во местото на живеење ги повикале Службите за заштита на децата од округот Ири и ЕМС во домот за да го лекуваат детето. Детето потоа било префрлено на лекување во детската болница Оишеи, соопшти државната полиција.

Според американските закони, доколку судот ја прогласи мајката виновна, таа се соочува со затворска казна до една година.

На жена со операција ѝ извадиле чаша од мочниот меур, докторите шокирани како влегла

Неверојатна приказна се случила во Тунис, каде лекарите пронашле „туѓо тело“ во мочниот меур на 45-годишна жена, која се пожалила на уринарна инфекција.

По прегледот било јасно дека треба да се организира операција, а резултатот ги остави без зборови искусните медицински лица.

Случајот е снимен пред неколку години, но и денес ја збунува пошироката јавност. Жената чиј идентитет не се соопштува, премногу си играла во кревет со партнерот, по што стаклената чаша завршила во нејзиното тело.

Сепак, тоа не е најшокантниот детал. Туѓиот предмет не бил внесен преку гениталниот орган, туку преку уретрата, пренесува Lakalle Blu Radio.

Рентгенот првично открил чаша од осум сантиметри која била покриена со калкулус.

Постапката за отстранување не била лесна, имало ризици, но на крајот сѐ завршило без последици. Чашата била отстранета, а лекарите сфатиле дека е практично неоштетена.

Приказната постојано се ажурира на социјалните мрежи, а корисниците главно се шокирани.

„Што се случува со луѓето?“, „Се исплашив од камен во бубрег од 2,8 мм, но ова...“ беа дел од пораките.

Kостов: Колку години е Мицотакис премиер, дали стапна во Македонија?

„Влегување во ЕУ под бугарски диктат не поддржувам“

Колку години е Мицотакис премиер, дали стапна во Македонија? Не. Уште пред инагурацијата претседателката Сиљановска ризикуваше да и се налути Брисел и рече, прво ќе одам кај соседите. Сега доаѓа еден убав празника, па ќе оди во Рим, ќе се сретне и со Италијанскиот претседател и со Папата. Треба да се седне на маса и да се разговара рамноправно, не едниот ќе го присилуваме да прави нешто поради влез. И не' изиграа, го сменивме името и не влеговме во ЕУ. До кога? Бугарското општество од политички аспект го жалам, од лево отидоа десно, отидоа центарг па граѓанско општество правеа. Се јавуваат партии ко печурки, победуваат па губат на избори, не можам да го сфатам тоа и не е нешто на кое треба да се угледаме или нешто од кое треба да се исплашиме, дури и можеби треба да им укажеме дека демократијата бара стабилност и цврсти ставови, не менување катадневно. Владата нека си одговори што ќе договори во новата коалиција, но влегување во ЕУ под бугарски диктат не поддржувам, рече Сотир Костов во Само Вистина.

притисни ентер