„Амазон“ најави намалувања на трошоците и понатамошно вложување во вештачката интелигенција

Извршниот директор на „Амазон“, Енди Џеси преку писмо ги извести акционерите за намалување на трошоците и покрај тоа што компанијата двојно ќе ги зголеми вложувањата во вештачката интелигенција.

Тој најавува можност за „намалување на услугата“ во малопродажбата во 2024 години, но и во наредните години.

„Амазон“ кон крајот на 2022 и во 2023 година имаше рекорден број отпуштања, при што беа елиминирани повеќе од 27.000 работни места. И оваа година се најавени кратења, а компанијата најави откази и во одделенијата „облак“ (cloud), „Прајм видео“ (Prime Video) и „Твич“ (Twitch).

Џеси во писмото предвидува дека услугата за компјутери во облак (AWS) на „Амазон“ ќе биде важен фактор во бумот на вештачката интелигенција ширум светот. Џеси ја презеде функцијата од основачот на компанијата Џеф Безос, кој поднесе оставка во средината на 2021 година. /МИА

Фото: Поранешната мис на Шведска без долна облека на црвениот тепих

Поранешната мис на Шведска низ Канскиот филмски фестивал се прошета без долна облека.

Филсмкиот фестивал во Кан е местото каде многу светски ѕвезди сакаат да се продефилираат во скапа тоалета.

Фестивалот е синоним за престиж, мода, стил и елеганција. Но, не е секогаш така.

Поранешната Плејбој зајачица и поранешна мис на Шведска, Викторија Силвстед се појави во Кан во многу провокативен фустан.

Папараците покажаа дека атрактивната Вики под фустанот не носи долна облека.

Имено, поранешната мисица не носела долна облека, а немала поим дека фустанот може да ја „издаде“.

Викторија смело им позираше на папараците. Најмногу внимание сепакпривлече длабокиот шлиц на Викторија, буквално до половината, кој во еден момент откри повеќе отколку што треба .

Фото:Секси тенисерка

Убавата руска тенисерка Виталиј Дјаченко се почесто ги радува фановите на социјалните мрежи со фотки во бикини.

„Жешката“ бринета извесно време е надвор од терените поради повреда, и поради тоа патува низ Европа, во моментов е во посета на Белград.

Убавата тенисерка секојдневно ги информира своите следбеници за тоа што прави и каде се наоѓа.

- Белград во срцето, не сум љубител на селфи во огледало - напиша таа.

Руската убавица покрај коментарот објави и неколку фотки кои ги воодушевија фановите.

Виталија на фотките е во интересен стајлинг, скоро проѕирен фустан , бикини , мрежасто здолниште....

Макрон се согласи на дебата со Марин Ле Пен пред изборите за Европскиот парламент, таа одби

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изрази подготвеност за дебата со лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, пред изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, каде што „се доведува во прашање судбината на Франција“.

„Ако мислиме дека станува збор за избори на кои во прашање е дел од судбината на Франција, за што веруваме, јас сум на располагање“, рече Макрон во интервју за весникот „Паризиен“.

Марин Ле Пен минатата недела изјави дека со задоволство би имала дебата со Макрон, но под услов тој да поднесе оставка и да го распушти парламентот. Таа денеска го повтори тоа барање и додаде дека е подготвена за дебата, но дури по изборите, во септември.

притисни ентер