„Џевахир Холдинг" за посилен МЗТ

 Компанијата „Џевахир Холдинг“ е нов спонзор на македонскиот кошаркарски вицешампион I

На денешната прес-конференција беше соопштено дека Компанијата „Џевахир Холдинг“ и МЗТ Скопје Аеродром се обврзаа на едногодишен договор со можност за негово продолжување.

Задоволство од потпишаниот договор искажа Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.

- Со задоволство соопштуваме дека „Џевахир Холдинг“ е нов спонзор на МЗТ Скопје Аеродром. Благодарност до компанијата за општествената одговорност во развојот на спортот воопшто и во развојот на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, изјави Марин.

Сопственикот на турската компанија која гради во Македонија истакна дека со задоволство се нафатил да даде поддршка на клубот.

- Се надевам дека ова соработка ќе продолжи понатака со голем раст на поддршката од наша страна. Очекуваме МЗТ, не само на домашна сцена, туку и во меѓународни рамки да има успеси, рече Џевахир.

Директорот на МЗТ, Тони Грнчаров рече дека со спонзорството од „Џевахир Холдинг“, тимот добива нови стабилни средства кои се потребни за непречено функционирање. Детали за договорот не беа објавени.

- Очекувам успешна соработка и на крај сите заедно да се радуваме на успешни резултати, нагласи Грнчаров.

Тој на сопственикот на компанијата му подари дрес од МЗТ Скопје Аеродром.

Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер