„Google“ стави крај на уште еден познат проект

Компанијата избра да се фокусира на „AR“ софтверот во иднина.

„Google“ го затвори проектот, кој интерно беше познат како „Iris“ и беше лансиран за создавање очила за проширена реалност (augmented reality – AR), пренесува „Business Insider“.

Технолошкиот гигант работел на развојот на очилата веќе неколку години, но наводно го запрел развојот на „Iris“ по бројните отпуштања и реорганизација во компанијата во претходните месеци.

Друга важна причина што довела до оваа одлука на „Google“ е заминувањето на Клеј Бавор од компанијата, поранешниот шеф за „AR“ и „VR“.

Покрај тоа, „Google“ постојано ја менуваше својата стратегија за очилата „Iris“, што беше извор на фрустрација за членовите на тимот кои работеа на проектот.

Информациите, кои беа достапни во претходните години, сугерираат дека „Google“ би можел да го пушти овој уред со „AR“ во 2024 година. Очилата „Iris Ar“ требаше да изгледаат како пар класични очила.

Иако компанијата престана да работи на својот „AR“ хардвер, се посочува дека „Google“ не се откажува од своите „AR“ амбиции. Наместо хардвер, компанијата одлучи да се фокусира на создавање на екосистем „Android за AR“.

Планот на „Google“ е да го примени истиот бизнис модел што го користи за своите мобилни платформи и да го лиценцира својот софтвер за „AR“ на производителите.

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија

 Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министерот за вонредни состојби Александар Куренков и министерот за природни ресурси и животна средина Александар Козлов за да разговараат за поплавите и пожарите.

„Имаме неколку теми. Да почнеме со главната, актуелната, најжешката во буквална смисла на зборот“, рече Путин.

Тој рече дека додека поплавите се уште траат во еден дел од земјата, во некои региони има и пожари или опасни состојби од пожари.

„Властите мора веднаш да ги проценат штетите од поплавите за да почнат со обнова на станбениот фонд до крајот на летната сезона. Мораме веднаш да ја процениме штетата на домаќинствата. Сето тоа треба да се исуши - и тоа на време. Летото брзо ќе помине, а во текот на летото треба да направиме што повеќе за да го вратиме станбениот фонд“, нагласи Путин. /МИА

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

притисни ентер