На Клоп му аплаудираа сите, освен најскапиот фудбалер на Ливерпул (ВИДЕО)

Јирген Клоп, сега поранешниот менаџер на Ливерпул, беше испратен во последното коло од Премиер лигата на прекрасен начин од навивачите, клупскиот персонал и играчите.

Една од почестите за Клоп беше шпалир, а сите играчи на Ливерпул му аплаудираа освен еден - уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез.

Нуњез е играчот за кого Ливерпул плати највисока сума за дојдовен трансфер - 85 милиони евра. Но, незадоволството на Уругваецот растеше во текот на сезоната. Во еден момент од Инстаграм ги избриша сите фотографии на кои е во дресот на Ливерпул, пишуваше дека се скарал со Клоп и дека на лето ќе го напушти клубот.

Мистериозна смрт на екс британски маринец, кој требало да сведочи за шпионажа во корист на Кина

Поранешен британски маринец обвинет за шпионирање на активисти од Хонг Конг во Британија, починал под неразјаснети околности во парк.

Метју Трикет бил меѓу тројцата мажи обвинети според Законот за национална безбедност за следење на разузнавањето во Хонг Конг и странско мешање, објави Тајм.

Обвинетиот бил ослободен со кауција и во петок требало да се појави пред судот во Лондон.

Неговото онесвестено тело било пронајдено во неделата во парк и на местото на настанот била констатирана смрт.

Полицијата ја истражува смртта на Трикет, што засега се третира како „мистериозна“.

Неговото семејство било известено за неговата смрт, а телото било испратено на обдукција.

Минатата недела, Трикет се појави заедно со Чи Леунг (Питер) Ваи (38) и Чунг Биу Јуен (63) во Вестминстерскиот суд.

За време на сослушувањето, тој бил обвинет за „помагање на странска разузнавачка служба“ за Хонг Конг со тоа што се согласил да преземе „собирање информации, следење и дела на измама кои најверојатно материјално ќе помогнат на странска разузнавачка служба која извршува активности поврзани со Британија“ во период помеѓу 20 декември и 2 мај.

Кинеската амбасада во Лондон ја обвини британската влада за фабрикување на наводите и рече дека нема право да се меша во работите на Хонг Конг.

Тврди дека доплатил 25 евра за соба со поглед, се шокирал кога видел што добил (ВИДЕО)

Еден корисник на TikTok објави видео кое „собра“ повеќе од два милиони прегледи за краток временски период.

Тврди дека платил дополнителни 25 евра за соба со поглед, при патување во странство и дека сместувањето го шокирало.

На почетокот го гледаме како влегува во просторијата, користејќи ја картичката, а потоа ги покажува собата и балконот.

И навистина, сцената во најмала рака е изненадувачка. Наместо во прекрасна панорама, тој морал да ужива во поглед на соседните соби и - на рецепцијата.

Видеото предизвика бурни реакции и многу смешни коментари. Поединци тврдат дека дури и идентификувале за кој хотел се работи.

@podcast_clips_222 Rough one that #fyp #foryou #memes #british #funny ♬ original sound - podcast_clips_222

Еден корисник напишал: „Ако имате некаков проблем, не мора да се спуштате на рецепција“.

Друг додаде: „Ако ви треба услуга во соба, нема потреба од телефон“.

Третиот останал во шок: „Кажи ми дека си ги вратил 25-те евра?“.

Четвртиот се обиде да објасни: „Балкон со поглед и поглед на море... Тоа се различни работи“.

притисни ентер