,, Ќе го скршам” – скандалозна прес конференција пред мечот на годината (ВИДЕО)

На 1 декември Дентај Вилдер и Тајсон Фури ќе ги вкрстат боксерските ракавици , но за малку тоа ќе се случеше и на денешната прес конференција.

Светот го очекува мечот меѓу двајцата боксерски шампиони , кои денеска за малку ќе се истепаа во присуство на новинарските екипи за време на прес конференцијата пред мечот. Фури вети дека ќе го нокаутира Вилдер ,тешкашот кој до сега не изгубил во професионалната кариера. Тој од 40 победи , 39 ги остварил со нокаут.

,, Денеска ми е годишнина. Три години од кога отидов во Германија и го скршив Валадимир Кличко по цел Диселдорф . За три дена истото ќе му го направам на Вилдер. “ рече Фури.

Ниту Вилдер не му остана должен , така што навредите за време на прес конференцијата доведоа до без малку тепачка меѓу двајцата најдобри боксери во тешка категорија во светот.

Израел почнува нови напади врз Газа во време додека траат преговорите за примирје

Израел денеска нападна цели во Појасот Газа, откако вчера ја презеде контролата врз главниот граничен премин кон Египет, земја во која преговарачите се обидуваат да ја искористат својата последна шанса да придонесат за договор за прекин на огнот.&nb

По неколку недели објавување на почетокот на копнената офанзива на пограничниот град Рафах, и покрај меѓународното противење, израелските тенкови вчера влегоа и презедоа клучен премин за испорака на помош на опколената палестинска територија.

Белата куќа го осуди нарушувањето на хуманитарните испораки.

Влегувањето во јужниот град Газа преполн со раселени цивили доаѓа додека посредниците во Каиро се обидуваат да постигнат договор за ослободување на заложниците и примирје во седуммесечната војна меѓу Израел и екстремистичкиот Хамас.

Анонимен функционер на Хамас предупреди дека тоа е „последната шанса“ на Израел да ги ослободи десетиците заложници што сè уште се држат во Газа.

Египетскиот „Ал-Кахра њуз“ објави дека сите страни, вклучително и Израел, се согласиле да ги обноват преговорите, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека израелската делегација е веќе во Каиро.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, оцени дека тоа не е безначајно.

И покрај разговорите во египетскиот главен град, очевидци и локална болница известија за израелски напади низ Појасот Газа минатата ноќ и утринава, вклучително и околината на Рафа.

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети во текот на изминатата ноќ

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети истрелани во текот на изминатата ноќ.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле неколку десетици ракети и дронови лансирани од Русија претходната ноќ низ целата земја, како дел од нападот насочен кон енергетските инсталации.

- Непријателот (Русија) употреби 76 средства за воздушен напад – 55 проектили и 21 јуришен дрон, соопштија украинските сили на Телеграм, додавајќи дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале 39 проектили и 20 беспилотни летала.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко утринава соопшти дека руските сили во текот на претходната ноќ извршиле нов „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, во кој се повредени најмалку шест лица.

Веќе 4 часа Македонија гласа на претседателските и парламентарни избори

Канал 5 од раните утрински часови  го следи изборниот процес.  

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица, а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Аеродром , а во моментов екипата е на избирачко место во Општина Центар, во ООУ Киро Глигоров е Игор Манасиевски.

Игор како тече изборниот процес ?

притисни ентер