„Кралот Леброн “се врати дома во Кливленд!

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата Леброн Џејмс по четири години во Мајами и две освоени титули се враќа дома, во тимот на Кливленд кој го драфтуваше во 2003 година.

Популарниот Крал на врвот на кариерата одлучи да го напушти Мајами и да се врати во Кливленд, неговиот НБА тим кој се наоѓа многу блиску до неговото родно место Ејкрон.

Кливленд во 2003 година го избра Леброн Џејмс од првата позиција на НБА драфтот.

Во 2010 година кога Леброн заминуваше од Кливленд својата одлука ја соопшти во директен пренос , сега популарниот „Крал “ се огласи преку сајтот „Спортс Илустрејтид“.

„Пред 4 години ја чувствував тежина на својот избор. Сега тоа би го направил поинаку, но секако би заминал. Мајами за мене беше како колеџ за некои други кошаркари, ме направи она што сум сега. Во Мајами станав подобар човек и кошаркар и таму секогаш ќе биде мојот втор дом. Без тоа искуство не би можел да го направам она што го работам сега, изјави Леброн Џејмс.

Леброн во Кливленд ќе игра во еден млад тим предводен од плејмејкерот Кајри Ирвинг. Годинава од првата позиција на драфтот е избран Ендру Вигинс.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер