Таа за Дејли Мејл до детали ја раскажа тепачката во мај 2016 , по што решила да се разведе од него. Сведочењето на Хард датира од август истата година, а вчера го објавија американските медиуми. Таа во друштво на својот и на неговиот адвокат се потсети на исказот даден како дел од процесот на развод. Во видеото раскажува дека Деп ја влечел за коса и и го скршил телефонот од лицето .
За среќа на другата страна на линија била нејзината пријателка , која повикала полиција. Кога дошла полицијата Хард не сакала да каже ништо , зашто се плашела дека Деп може повторно да избувне.
,,Се сеќавам на пцовките кон мојата пријателка Ио Тајлет Рајт , а потоа ми го фрли телефонот во лице . Му реков дека ме погодил во око ,почнав да плачам , а тој дојде и ме грабна за коса и ми рече : Сум те погодил во око ,а? Дај да видам каде тоа сум те погодил. Што ако те повлечам за коса? . Тешко е тоа да се опише , но тогаш како да ме влечеше од една на друга страна држејќи ми ја косата.” раскажува вознемирената актерка.
Деп продолжил да вика по неа и таа од цел глас викала за помош , во надеж дека пријателката е се уште на линија и дека ќе повика полиција.
По извесно време влегла пријателката Роки , која имала свој клуч од станот , а потоа и телохранителот на Деп , па тој престанал да вика и да ја тепа.
Ианку , Деп ја тужи поранешната сопруга за 50 милиони долари , тврдејќи дека го наклеветила со кажување во јавноста дека ја малтретирал , а оваа снимка е еден од доказите во овој случај.