„Microsoft“ ја задржа тајната опција за рестартирање и во „Windows 11“

Голем број корисници не знаат дека во „Windows“ постои опција за итно рестартирање на оперативниот систем.

Повеќето корисници на „Windows“, без разлика дали имаат „Windows 10“ или новиот „Windows 11“, па дури и оние што користат постари платформи „Windows 7“ или „Windows XP“, се запознаени со тоа како функционира функцијата „Windows Power“. Постојат опции: „Shut Down“, „Restart“ и „Sleep“ за компјутер.

Во случај на некои итни ситуации, кога корисникот не може да ја заобиколи апликацијата, компјутерот или програмата се замрзнува, достапна е практична опција CTRL+ALT+DEL. Повеќето корисници го знаат ова кога ќе се заглават во оперативен систем или апликација.

Комбинацијата на копчиња CTRL+ALT+DEL го стартува екранот, со мени што ги содржи следните опции: Заклучи, Lock, Switch user, Sign out и Task Manager. „Windows 10“ има и опција „Change Password“, која не е достапна во „Windows 11“.

Сепак, она што многу корисници на „Windows“ не го знаат е постоењето на тајна опција „Emergency Restart“, која е скриена во рамки на CTRL+ALT+DEL екранот.

За да пристапи до функцијата „Emergency Restart“, корисникот мора истовремено да го притисне копчето „Power“ во долниот дел од екранот и копчето CTRL на тастатурата. Ако само го притиснете копчето „Power“, ќе се појават опциите „Sleep“, „Shut Down“ и „Restart“.

Microsoft ја имплементирал опцијата „Emergency Restart“ од самиот почеток на платформата, од верзијата „Windows NT 3.1“ од 1993 година. Интерфејсот секако еволуираше и стана помодерен, а како изгледа можете да видите во видеото.

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОЈО: Жител на Мелница имал три полуавтоматски пиштоли без дозвола

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, соопштуваат од Обвинителството.

Заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивал

Со последните два мурала во Кичево и Скопје е заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во организација на Здружението Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје.

Како што информира Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје, во центарот на Кичевската чаршија, на Центарот за култура „Кочо Рацин“, на надворешната и предна фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата зад муралот, како што се наведува, е да поттикне размислување околу потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативни контексти/дејности.

- Во соработка со ФРУ - Скопје, идејата за овој мурал е делумно инспирирана од релјефот на Јордан Грабулоски, македонски академски вајар и уметник, кој го има изработено на спомен-костурницата во Кичево. Од истиот тој релјеф, композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето (во сооднос со самата порака), но и ја доловува функцијата на Домот на култура - како простор каде што се негува културата и уметноста иницирана од индивидуалци и групи. Кога заедно би создавале и негувале услови кадешто сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, низ заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница кадешто едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој, се вели во соопштението.

Во март 2024 година во Скопје се реализираше мурал на зградата која се наоѓа на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Од ФРУ - Скопје посочуваат дека тоа побудило позитивни чувства и резултирало со уште една иницијатива за реализација на мурал, како вид завршно заокружување на целиот проект и подарок кон станарите.

- Поткрепени со ентузијазмот на станарите во зградата и поддршка од ФРУ, уметницата Ивана Самандова во соработка со Ана Трајковска и Доротеј Нешовски реализираа мурал на зградата бр. 37. На овој мурал е поставен цитат од Бертхолт Брехт кој вели: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови кои ги ослободуваат сите!“. Со овој мурал, фокусот е пренасочен на визуелни елементи со деца како симболика на реална слобода, особено во аспекти на однесување, изразување и размислување, се наведува во соопштението.

Серијата мурали (во Скопје, Прилеп и Кичево), од кои два се во соработка со две јавни културни институции и уште два со две заедници по нивно барање, се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода. /МИА

притисни ентер