„На отворено море" утревечер премиерно на сцената на штипскиот Народен театар

„На отворено море" е новата театарска претстава на штипскиот Народен театар, којашто утревечер во 20 часот ќе биде премиерно изведена. 

Претставата е во режија на Никола Ристов, а е работена по текст од Славомир Мрожек.

Ристов на денешната прес-конференција истакна дека во претставата се говори за политиката, но и за екологијата. Во претставата играат Анѓелка Нашкова, Марија Минчева Андонов, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски и Владимир Тулиев, гардеробата е на Верица Давчева, а драматургијата на Весна Куслеска.

-„На отворено море" е претстава која ни ја доближува реалноста на себичното, за самопрогласеното цивилизирано, за стравот од празен стомак. Садомазохистичкиот поглед на човештвото низ објективот на апсурдот, драма каде катарзата не е во полнењето на празниот стомак, туку во чинот на убиството. Драма која ни покажува дека се е веќе избрано дури и пред идејата за самиот избор, вели Куслеска.

Ристов посочи дека она што актерите го прават на сцената ќе биде вистинско уживање за публиката.

-Ова е втора претстава која годинава со сопствени средства ја работи нашиот театар. Претставата беше голем предизвик за мене оти главните ликови во неа не се некои веќе напишани ликови кои можеме лесно да ги изанализираме и поставиме на сцена туку тие претставуваат определени општествени групи како што се политичарите, бизнисмените, народот, рече Ристов.

Актерите Пеце Ристески и Марија Минчева Андонова забележаа дека во преставата говори за гладот, без разлика дали е политички, економски. /МИА

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

Фото: Бритни Спирс во центар на нов скандал: Покриена со јорган надвор од хотел

Според дел од светските медиуми, контроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс била видена во ноќта помеѓу 1 и 2 мај,  облечена само по долна облека покриена со јорган пред хотел.

Како што наведува „ТМЗ“, пејачката била во хотелот Шато Мармонт со своето момче Пол Солиз.

Во текот на вечерта дошло до конфликт, најверојатно меѓу нив двајца, по што некој од присутните повикал полиција, велејќи дека женско лице, кое наликува на Бритни Спирс, малтретирало луѓе и им се заканувало.

Полицијата пристигнала по 22:30 часот, но не констатирала траги на насилство и си заминала.

Изворот на ТМЗ наведува дека Бритни и Пол отишле во хотелска соба, каде продолжиле да пијат. Набрзо повторно се скарале, по што, според изворот, дошло до физички контакт, при што Бритни си ја повредила ногата.

Бритни потоа истрчала во ходникот, викајќи и врескајќи, а гостите повикале брза помош, која брзо пристигнала и успеала да стапи во контакт со пејачката, пренесува „b92“.

притисни ентер