По достигнувањето на историскиот максимум на топење на мраз во еден ден, како што беше случајот со втори август оваа година кога се истопија 12,5 милијарди тони ледена маса на Гренланд, научниците на НАСА почнаа да го фокусираат своето внимание повеќе кон земјата отколку кон вселената.
Океанографите на НАСА истражуваат не само колку зголемените температури на воздухот влијаат на топењето на ледената покривка туку и колкаво влијание на тоа има сѐ потоплиот океан кој одоздола го топи мразот.
„На Гренланд има доволно мраз за да го крене нивото на морето за 7,5 метри, што е големо количество мраз и тоа би било разорно за крајбрежните области низ планетата“, вели за СНН океанографот Џош Вилис, „Требаше веќе да се повлекуваме од брегот ако се соочуваме со толку изгубени метри во следните век или два“.
Гренланд има влијание врз целата планета бидејќи милијарди тони мраз кои таму се топат го креваат нивото на морето во Австралија, Азија, САД, во Европа...„Сите сме поврзани со истиот океан“, вели Вилис.