Кружното парче мраз е вистинско чудо зашто цело време се врти со константна брзина , и кога на него стојат петнаесетина луѓе и кога нема никого.
На социјалните мрежи се појавија огромен број толкувања за ваквата појава .
Научно објаснување даде тим физичари од Универзитетот во Лијеж , Франција . Тие сметаат дека главен виновник за ваквата појава е температурата на водата . Според друг пример , научниците сметаат дека феноменот настанал кога температурата се зголемува , а водата се згуснува.
Мразот по ивиците на дискот се топи , што постепено создава вртлог , кој го поместува мразот.
Замрзнатата површина со кружен облик од таквите движења се отцепува и како смрзнат круг продолжува со ротирање.
Вакви феномени досега биле забележани на Арктикот , во Канада ,Русија и Скандинавските земји. Најголемиот диск од мраз имал пречник од 17 метри.