„Њујорк Тајмс“: Американски агенти собрале докази дека Савидис работел против договорот од Преспа

И покрај тоа што на почеток информациите за наводно руско мешање во референдумот за некои изгледаа претерани и тенденциозни.

Текстот во угледниот Њујорк Тајмс фрла сосема ново светло за случајот и открива дека некој давал пари граѓанското изјаснување во Македонија да пропадне. Клучна фигура е Иван Савидис, сопственикот на ПАОК, кој го паметиме како вооружен со пиштол влета на фудбалски натпревар.

Според Хелен Купер и Ерик Шмит, авторите на статијата во Њујорк Тајмс, токму Савидис работел како руски канал за поткопување на договорот меѓу Македонија и Грција кој значи влез на земјата во НАТО. Савидис кажа дека ништо од ова не е вистина и се закани со тужби до авторите и медиумите кои ја објавија оваа статија.

Во текстот за прв пат се открива дека американците формирале таканаречено „Тело за борба против руското мешање во изборите во некои европски земји“ и токму луѓето кои таму работат, кон крајот пролетва забележале дека една од целите може да биде Македонија. Според објавеното, Стејт департментот, ЦИА, Европската команда на Пентагон со седиште во Штудгард, работеле на оваа проблематика.

Во меѓувреме, противниците на референдумот веќе почнале активно да работат, а во текот на летото во Македонија се појавиле стотици нови веб-страници, фејсбук и тивтер профили, преку кои се бараше бојкот на гласањето и се ширеле лажни вести за да се збунат граѓаните околу договорот со Грција. Преку следење на комуникациите и разговорите на Савидис, според Њујорк Тајмс, лесно се открило дека тој директно со 300 до 350 000 евра ги финасирал протестите во Македонија и поддржувчите на бојкотот се со цел, Преспанскиот договор да пропадне и Македонија да не влезе во НАТО, што секако е во прилог на Русија. Тогаш, непосредно по потпишувањето на преспанскиот договор премиерот Заев изјави дека навивачки групи од земјава биле финансирани да прават нереди...

Како и да е од повеќе страни, пред се од ЕУ, НАТО и САД континуирано пристигнуваа предупредувања дека има руско влијание врз процесите на македонското интегрирање во НАТО. Како резултат на ова двајца руски дипломати беа протерани од Грција, а дополнително на двајца други не им беше дозволен влез во земјата. На руско влијание во регионот предуперди и генералниот секретар на алијансата Столтенберг во пред референдумското интервју за Канал 5.

И првиот човек на Пентагон Матис, за време на неговиот лет до Скопје, на американските новинари им кажа дека сака да даде поддршка на договорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи имало многу силно руско влијание тој да не успее, а земјата да остане надвор од НАТО Алијансата.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер