„Само Вистина“ со Павле Богоевски и Сафет Бишевац

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Павле Богоевски и Сафет Бишевац.

- СДСМ ќе ги загуби изборите и тоа со пет пратеници помалку од ВМРО-ДПМНЕ, оцени новинарот Сафет Бишевац во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Павле Богоевски пак предвидува дека Зоран Заев повторно ќе ја состави владата што ќе биде избрана на 12 април идната година

- Новинарот Сафет Бишевац смета дека власта не треба да лаже дека спроведува реформи како основен предуслов за решавање на проблемите а неговиот соговорник, поранешниот пратеник од Павле Богоевски смета дека ваквите тврдења на Бишевац се паушални политички оценки

- Зборувајќи за односите на Република Македонија со Франција поранешниот пратеник Павле Богоевски рече дека треба да се прави разлика дали државата побарала официјална средба со францускиот претседател Емануел Макрон а друго е дали премиерот Зоран Заев изјавил дека нема расположение за средба. Наспроти ова неговиот соговорник Сафет Бишевац оцени дека македонскиот претседател Стево Пендаровски покажал европски манир со неговата воздражаност кон случувањата но е разочаран што Пендаровски не нашол време да отиде на погребот на поранешниот француски претседател Жак Ширак

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Павел: Вложувањата во одбраната се најдобра гаранција за мирна иднина

- Мирот и слободата никогаш не се залудни и нема да постојат само затоа што велиме дека сакаме мир. Понекогаш цената е висока, болна, а понекогаш и највисока, затоа им оддаваме почит на оние кои ја дадоа најголемата жртва, рече чешкиот претседател.

Претседателот на Чешка Петр Павел денеска, на 79-годишнината од крајот на Втората светска војна, им оддаде почит во Прага на војниците, пред сè советските и американските, кои ги дадоа своите животи за ослободување на Чехословачка и повика на поголеми инвестиции во одбраната бидејќи, како што рече, тие се најдобрата гаранција за мирна иднина.

- Мирот и слободата никогаш не се залудни и нема да постојат само затоа што велиме дека сакаме мир. Понекогаш цената е висока, болна, а понекогаш и највисока, затоа им оддаваме почит на оние кои ја дадоа најголемата жртва, рече чешкиот претседател.

Павел потсети дека Чешка добро знае како е да се биде жртва, бидејќи беше соочена прво со германската фашистичка агресија во 1938 година, а подоцна и со советската окупација во 1968 година.

- Војната во Украина е тежок тест не само за Украина, туку и за светот. Без помош на сојузниците денес во војни, никој не може сам да се брани. Влезот во НАТО беше пресвртница за нашата безбедност. Добивме највисоки безбедносни гаранции во нашата историја. Заедно со сојузниците сме посилни, рече Павел.

Чешкиот претседател предупреди, како што наведе, „на историскиот парадокс дека Русија, како наследник на Советскиот Сојуз, кој се бореше против агресорите заедно со западните сојузници во Втората светска војна, сега стана агресор, додека поразениот нацистички Германија ги научи своите лекции и по длабоко размислување стана демократска земја која го поддржува мирот и стабилноста во светот“.

- Горд сум што Чешка не попушта во помагањето на Украина. Би сакал да ве потсетам на зборовите на мојот претходник, претседателот Вацлав Хавел: рамнодушноста кон другите и рамнодушноста кон судбината на целината е токму она што ја отвора вратата за злото, рече Павел.

На Народниот споменик на ридот Витков во Прага беа положени венци и оддадена почит на загинатите војници за денешните генерации да живеат во мир, воените ветерани и државниот врв, а над Прага летаа борбени авиони и хеликоптери.

Црвената армија водеше борби за ослободување на Чехословачка од 20 септември 1944 година до 11 мај 1945 година и, според проценките на историчарите, околу 144.000 советски војници загинале за време на тие битки.

Западниот дел на Чешка беше ослободен од американската армија, која загуби околу 1.000 војници во тие битки, додека често се заборава на романската армија, која загуби околу 15.000 војници во битките, пред сè на територијата на Словачка, пренесува Бета.

Силвестер Сталоне нуди 11 свои луксузни часовници на наддавање

Силвестер Сталоне ќе понуди на аукција 11 луксузни часовници од својата колекција, соопшти аукциската куќа „Сотби'с“ во Њујорк.

Наддавањето е закажано за 5 јуни, а на него ќе се најде и „еден од најсложените рачни часовници во светот“ - првично продаден за 2,5 милиони долари.

На добротворна аукција во 2019 година, друг челичен модел „Грендмастер чајм“ (Grandmaster Chime) - часовник во еден примерок, беше продаден за 31 милион долари, поставувајќи рекорд. „Чајмот“ на Сталоне има проценета вредност меѓу 2,5 и пет милиони долари, но многу веројатно ќе се искачи и над тоа.

Меѓу другите скапи часовници, на наддвањето ќе се најде и „Панерај референс ПАМ-00382“ од филмот „Платеници 2“ од 2011 година, заедно со потпишан постер од филмот. Во понудите се и „Панерај референс ПАМ-00269“, „Панерај референс ПАМ-00202“, Панерај референс ПАМ-00332“, итн.

Весиќ: Србија купува девет возови од Кина за ЕКСПО 2027 година

 Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ и претседателот на Управниот одбор на кинеската компанија CRRC, Лиу Чанчинг денеска потпишаа Протокол за разбирање и соработка за набавка на девет нови електрични возови.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ и претседателот на Управниот одбор на кинеската компанија CRRC, Лиу Чанчинг денеска потпишаа Протокол за разбирање и соработка за набавка на девет нови електрични возови за брзини на 120 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград.

По потпишувањето на документот во Владата на Србија, Весиќ рече дека набавката на возови била насочена кон модернизирање на возниот парк на Србјавоз за потребите на сообраќајот на идната линија Земун поле-аеродром „Никола Тесла“-национален стадион и поврзување на центарот на Белград и околните населени места со специјализираната изложба EXPO 2027 .

Тој објасни дека овие возови ќе се произведуваат во фабриката CRRC (Changchun Railway Vehicles) во Кина и треба да бидат испорачани најдоцна до 31 декември 2026 година.

Според него, новите електрични возови, кои ќе бидат прилагодени на сите стандарди на ЕУ, ќе покажат нов квалитет на транспортот во Белград.

-Ресорното министерство препозна дека CRRC е една од водечките светски компании во производството на локомотиви, автомобили, електрични и дизел мотори и други шински возила како за кинескиот така и за другиот пазар, и сакаше нивното големо искуство да го искористи и во Србија, изјави Весиќ.

Тој додаде дека Србија е подготвена да ја искористи нивната голема експертиза во транспортниот сектор и да обезбеди соодветен трансфер на знаење за поддршка на локалниот развој, вклучително и подобрување на железничкиот транспорт во Србија и поврзаните индустрии.

притисни ентер